Црна хроника
71-годишна жена тешко повредена во сообраќајна несреќа меѓу две возила во Скопје

Синоќа, во 19.20 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на булеварот Христијан Тодоровски-Карпош во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „хјундаи“, со скопски регистраски ознаки, управувано од М. Р. (71) од Скопје, и патничко возило „фолксваген голф“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф. Е. (24) од с. Арачиново, Скопско.
Во несреќата тешки телесни повреди добила М. Р., констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ – Скопје.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Малолетник нападнат синоќа во градинка во Чаир

Малолетник бил нападнат синоќа околу 21 часот од страна на четворица врсници во двор од градинка во Чаир.
Едниот од нив, му ги одзел слушалките, информира МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец нападнат од три лица во Аеродром: му го попречиле патот, па му го оштетиле и возилото

Триесетгодишен скопјанец во текот на вчерашниот ден бил нападнат во Аеродром.
Додека се движел со товарно возило, тројца мажи кои биле со автомобил му го попречиле патот, при што едниот физички го нападнал, додека другите го влечеле и се обиделе да го извлечат од возилото.
Успеал да им побегне, но не траело долго. Го престигнале и со употреба на тврди предмети му го оштетиле возилото и физички го нападнале со тврд предмет, информира МВР во дневниот полициски билтен.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Штипјанка нападната од партнерот на бензинска, жена од Свети Николе во домот – насилство во источниот дел од земјата

Две жени од Штип и Свети Николе во текот на вчерашниот ден биле нападнати. Едната од момчето, а втората од поранешниот сопруг.
Од МВР информираа дека во Штип нападната е 33-годишна жена на бензиска пумпа во градот, од страна на нејзиниот партнер Е.Ј.(34) од селото Конче.
Во случајот во Свети Николе, приведен е Д.М.(68) кој ја нападнал неговата 56-годишна поранешна сопруга и со нож и се заканувал во домот.
Полицијата работи на расчистување на случаите.