Црна хроника
74-годишен возач од Скопско удрил во бетонски ѕид, повредени тој и сопатничката
74-годишен возач од скопско удрил во бетонски ѕид при што тешко е повредена неговата сопатничка.
– На 03.11.2024 во 21,15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје, патничко возило „фолксваген“ со скопски регистарски ознаки, управувано од П.Ј.(74) од с.Идризово, скопско, удрило во бетонски ѕид од објект на правно лице. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Д.Ј.(73) од село Идризово, додека со телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Увид извршила екипа од СВР Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Жена од Гази Баба пријавила насилен напад од сопругот, му се заканувал и на син ѝ
Во полицијата е пријавено дека 47-годишна жена била физички нападната во семејниот дом на подрачјето на Гази Баба.
Според пријавата, на 8 октомври 2025 година нејзиниот сопруг А.С. употребил тврди предмети при нападот, а потоа упатувал закани со остар предмет кон неа и кон нејзиниот син.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Уапсен гостиварец, возел со брзина од 174 километри на час
Полицијата уапси гостиварец кој возел со 174 километри на час, на автопатот Гостивар – Тетово.
Вчера во 15:45 часот на автопатот Гостивар-Тетово, кај наплатната рампа Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода С.А. (35) од Гостивар.
При контрола на сообраќајот со радар, утврдено е дека тој управувал „ауди“ со гостиварски регистарски ознаки со брзина од 174 километри на час во населено место, каде што максималната дозволена брзина е ограничена на 80 километри на час.
Црна хроника
Пронајдени пет мигранти од Египет кај Гевгелија, уапсено едно лице
Полицијата уапси едно лице за криумчарење мигранти кај Гевгелија каде биле пронајдени пет лица од Египет.
Вчера во 20:30 часот на место викано „Нова петла“ во Гевгелија, полициски службеници го лишија од слобода Р.Р.(28) од с.Копаница, скопско.
При преглед во возилото „пежо“ со гостиварски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени пет лица мигранти од Египет.
Мигрантите се спроведени во Прифатно – транзитен центар „Винојуг“ во Гевгелија, а по целосно документирање на случајот, против Р.Р. ќе биде поднесена соодветна пријава.

