Топ
81-годишна жена од Скопје починала по удар од автомобил
81-годишна жена од Скопје починала по тешките повреди кои ги добила од удар на автомобил, соопшти полицијата.
Имено синоќа околу 19,45 часот во Скопје на крстосница од ул.Јустинијан Први со ул.Корџевска патничко моторно возило „форд транзит“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.С.(42) од Скопје, удрило во пешак С.Б.(81) од Скопје.
С.Б. била пренесена во комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде и била укажана лекарска помош, но во 23.00 часот починала како последица од повредите.
По наредба на јавен обвинител телото на починатата ќе биде предадено за обдукција.
Увид на лице место извршила екипа од СВР Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мицкоски на средба со коалицијата: доби поддршка за почнување преговори за состав на идната влада
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска оствари средба со претседателите на партиите во состав на коалицијата „Твоја Македонија“.
Беше констатирано дека коалицијата оствари успешен и историски резултат, кој создава и одговорност за реализирање на очекувањата.
Мицкоски доби поддршка од претседателите на коалициските партии за почнување преговори за состав на идната влада.
Според заклучокот на состанокот, разговорите треба да се водат врз основа на постулати за забрзан економски развој на Македонија, силна борба против криминалот и корупцијата и европските интеграции врз база на принципи и вредности, соопштија од партијата.
Македонија
Пеевски до Мицкоски: Од вас се очекува правилно да го исполните договорот, Бугарија направи голема работа
Нема да дозволиме Бугарија да се користи за внатрешнополитички цели во Северна Македонија, наведува претседателот на ДПС од Бугарија, Дељан Пеевски.
„Зборовите на лидерот на партија со тврдења од нашата соседна земја дека ќе чека поразумен премиер се апсолутно недозволиви и неприфатливи. Нема оправдување Северна Македонија да се оттргне од свјот евро-атлантски пат“, вели Пеевски и му се обраќа на претседателот на македонската партија ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски:
„Сакам да му се обратам на господинот Мицкоски: нема да има бугарски премиер што ќе оди спротивно на интересите на Бугарија. Од вас се очекува правилно да го исполните договорот потпишан со Бугарија. Ве потсетуваме дека Бугарија како држава направи многу со поддршката за Северна Македонија, чие место треба да биде членка на ЕУ“, вели Пеевски.
Македонија
Главчев: Се надевам дека Северна Македонија ќе ја продолжи европската перспектива, повеќе нема да правиме отстапки
Се надевам дека Северна Македонија ќе ја продолжи својата европска перспектива. Од наша страна, немаме каде да правиме повеќе отстапки. Згора на тоа, позицијата што ја имаме е паневропска позиција.
Ова го изјави вршителот на должноста премиер на Бугарија, Димитар Главчев, по победата на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова, на претседателските избори во Северна Македонија, јави „Бгнес“.
„Да почекаме да видиме каква влада ќе се формира во Северна Македонија“, рече привремениот премиер.
Главчев додаде дека Бугарија нема повеќе да прави отстапки во однос на пристапните преговори на РСМ во ЕУ и ставот што го имаат е паневропската позиција.
„На нашите пријатели од Северна Македонија мора да им биде јасно дека ако не ги почитуваат барањата за прифаќање членство во ЕУ, тоа нема да функционира“.