Топ
9.000 петарди пронајдени во автомобил во Тетово
Тетовската полиција денеска уапси 27-годишник од селото Селце, со иницијали Љ.А, кој бил фатен со 9.163 парчиња на различни пиротехнички средства и 87 ракети.
Како што информираат од МВР, претресот се случил пред поштата во Тетово во автомобил „форд фиеста“, со тетовска регистарација, паркиран од страна на приведениот.
При преглед во возилото е пронајдена големата количина на пиротехнички материјал, сместен во багажникот и на задното седиште.
Љ.А. е приведен во полициска станица, а возилото е однесено на увид во кругот во СВР Тетово.
Во координација со Јавен обвинител, по документирање на случајот, против 27-годишникот ќе биде поднесен кривичен поднесок, а возилото ќе му биде времено одземено.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Првото родено бебе во 2026 е девојче
Првото новороденче во Македонија во Новата 2026 година е женско бебе.
– На ГАК се роди принцеза, соопштија на својата Фејсбук страница од Клиниката за гинекологија и акушерство.
Бебето е родено точно на полноќ на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство.
Свет
Двајца тинејџери загинаа поради пиротехника во Германија
Двајца 18-годишници загинаа во германскиот град Билефелд по несреќа со рачно изработен огномет, соопшти локалната полиција.
Во еден од двата одделни инциденти, тинејџер почина на местото на несреќата во округот Баумхајде, објави ДПА. Тој запалил пиротехничка направа во песок на игралиште кога таа експлодирала пред неговото лице, објави германскиот весник Билд.
Само половина час подоцна, службите за итни случаи беа повикани во округот Браке каде што друг 18-годишник претрпе сериозни повреди на главата од експлозијата и подоцна почина во болница.
Полицијата не откри точно за каков вид пиротехничка направа станува збор, но германските медиуми објавија дека станува збор за рачно изработена направа.
Свет
Мерц: Војната во Украина е дел од планот на Русија против Европа
Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека војната во Украина директно ги засега европските земји, вклучително и Германија, бидејќи е дел од планот на руската влада против цела Европа.
„Во Европа беснее ужасна војна. Тоа е војна што директно ја загрозува нашата слобода и нашата безбедност“, рече Мерц во своето новогодишно телевизиско обраќање до нацијата.
Според него, Русија продолжува со „својата агресивна војна против Украина со немилосрдна бруталност“, и, како што изјави, четврта година по ред, Украинците ја дочекуваат Новата година во најнеповолни услови без електрична енергија, под ракети, „во страв за своите пријатели и семејство“, пренесува „Дојче Веле“.
„И ова не е некоја далечна војна што не нè засега. Бидејќи гледаме сè појасно: руската инвазија беше и останува дел од план насочен против цела Европа. Секој ден, Германија е изложена на саботажа, шпионажа и сајбер напади“, додаде германскиот канцелар.
Мерц не ја обвини директно Русија за порастот на цените на енергијата во Германија, но рече дека „нашата стратешка зависност од суровините сè повеќе се користи како политичка рачка против нашите интереси“.
Тој зборуваше и за зголемените трошоци за одбрана и новиот систем за регрутирање во Германија.
„Знам дека поради глобалната несигурност, многу граѓани се загрижени за мирот. Ви велам: ние се грижиме за нашата безбедност. Живееме во безбедна земја. За да се осигураме дека ова ќе остане така, мора да го зајакнеме нашиот капацитет за одвраќање. Сакаме да можеме да се одбраниме“, заклучи Мерц.

