Црна хроника
На два пати силувано 14-годишно девојче од Кочани
Четиринаесетгодишно девојче од Кочани во два наврати било илувано до нејзин сограѓанин.
Како што пријавила нејзината мајка, С.М. (31) од Кочани, девојчето во саботата, во два наврати, од страна на И.М. од Кочани било силувано, анад неа биле извршени и други полови дејствија.
Имено, И.М најпрво со своето возило го однел девојчето на местото викано Гумата, во близина на село Грдовци, каде го извадил од возилото и со употреба на сила го разголил и го допирал со рацете по телото.
Подоцна со возилото ја одвел на периферијата од градот, каде што во возилото, на сличен начин, повторно извршил силување. Малолетничката, во двата случаи, пружала отпор и се обидувала да го оттргне, истовремено викајќи за помош.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Жена нападната со нож од вонбрачниот партнер додека спиела, МВР трага по него

Ноќта во Шуто Оризари донела шокантен напад во семејниот дом. Додека 39-годишна жена мирно спиела, нејзиниот вонбрачен партнер, 53-годишниот Д.М. од Скопје, се нафрлил врз неа со остар предмет.
Таа се здобила со повреди и со итност била пренесена во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, каде лекарите ѝ укажале медицинска помош.
Полицијата трага по напаѓачот.
Црна хроника
Тинејџери со тешки повреди во сообраќајки на „Партизанска“ и во Чаир – едниот велосипедист, другиот возел мотор

Скопје викендов беше сведок на две сообраќајни несреќи во кои тешко повредени завршија малолетници.
Првиот инцидент се случил на 13 септември околу 14 часот на крстосницата меѓу булевар „Партизански Одреди“, улица „Лондонска“ и улица „Манапо“. Во судар меѓу автомобил „БМВ“, управуван од 48-годишниот Ј.Ј. од Скопје, и велосипед управуван од 14-годишно момче, тешки телесни повреди добил велосипедистот. Тој бил пренесен во приватна болница во Скопје, каде биле констатирани повредите.
Само еден ден претходно, на 12 септември околу 19:50 часот, несреќа се случила на крстосницата меѓу улиците „Џон Кенеди“, „Серава“ и „Ферид Захири“. Таму се судриле мотоцикл управуван од 16-годишник од Арачиново и автомобил „Ауди“, управуван од 41-годишниот Х.А. од Скопје. Мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Во двата случаи увид извршиле екипи од СВР Скопје.
Црна хроника
Нова серија пријави за насилство меѓу малолетници во главниот град

Саботата во Скопје донела два инцидента со малолетници кои завршиле со пријави во полиција.
Првиот случај бил пријавен во СВР Скопје на 13 септември околу 13:30 часот од С.Д. (48) од Скопје. Тој изјавил дека претходната ноќ, околу 00:30 часот, неговиот 16-годишен син и негов другар, кои биле во друштво со свои пријатели и едно лице запознаено преку социјалните мрежи, биле физички нападнати од група други малолетници на подрачјето на Центар.
Само еден час претходно, во 12:00 часот, Д.С. (44) од село Шишево пријавила во полиција дека нејзината малолетна ќерка била физички нападната од свој соученик во Ѓорче Петров.
Полицијата презема мерки за расчистување на двата случаи и за целосно документирање на настаните.