Топ
Aлбански државјанин прошверцувал и во стан во Гостивар скрил 34 килограми марихуана

Гостиварското основно јавно обвинителство донесе наредба за истрага против три лица, двајца македонски и еден албански државјанин, осомничени за кривично дело – неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги.
Како што информираат од обвинителството, осомничениот 38-годишен државјанин во Република Албанија набавил поголемо количество марихуана, ја внел во Македонија и ја скрил во стан во Гостивар.
На 6 август двајцата осомничени жители на Скопје, на возраст од 28 и 32 години, како соизвршители договориле купување на 1.990 грама марихуана од Албанецот, со цел потоа истата да ја препродадат на свои клиенти.
Притоа договориле на првоосомничениот да му исплатат сума од 2.500 евра.
При обид да ја извршат размената биле забележани од полицајци, дрогата им била пронајдена и одземена, а тие биле лишени од слобода. При претрес во станот во Гостивар во кој престојувал албанскиот државјанин биле пронајдени уште 31.880 грама марихуана.
Надлежниот јавен обвинител до Основниот суд во Гостивар доставил предлог за определување притвор за тројцата осомничени за кои постои опасност да се дадат во бегство, да влијаат врз сведоци, да ги прикријат трагите за кривичното дело, како и да го повторат делото.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Фон дер Лајен: Путин мора да седне на преговарачка маса, Европа ќе ја одигра својата улога

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денес разговараше телефонски со украинскиот претседател Володимир Зеленски и американскиот претседател Доналд Трамп по веста за комбинираниот руски напад синоќа, во кој беше погодена и Делегацијата на ЕУ во Украина, меѓу другите цивилни цели.
„Тукушто разговарав со украинскиот претседател Володимир Зеленски, а потоа и со американскиот претседател Доналд Трамп по масовниот напад врз Киев, кој ја погоди и нашата канцеларија во ЕУ“, напиша фон дер Лајен на платформата X.
Таа рече дека рускиот претседател Владимир Путин мора да започне преговори со Киев.
„Путин мора да седне на преговарачка маса. Треба да обезбедиме праведен и траен мир за Украина со цврсти и веродостојни безбедносни гаранции“, истакна претседателката на Европската комисија.
Таа додаде дека Европа „целосно ќе ја одигра својата улога“.
„Нашиот одбранбен инструмент SAFE, на пример, ќе биде важен за зајакнување на храбрите украински вооружени сили“, истакна фон дер Лајен.
Таа претходно објави дека руските напади врз Киев, во кои загинаа 18 лица во текот на ноќта, меѓу кои и четири деца, „само ќе го зајакнат единството на Европа и пркосот на Украина“.
Фото: принтскрин
Топ
21-годишно момче загина а две лица се тешко повредени во сообраќајка кај Градско

Денеска (28.08.2025) околу 00:10 часот во СВР Велес, е пријавено дека на локалниот пат с.Горно Чичево-с.Долно Чичево, општина Градско, патничко возило „бмв“ со велешки регистарски ознаки управувано од П.А.(22) од Градско, излетало надвор од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и неговите сопатници Љ.О.(21), Б.П.(20) сите од Градско и Х.Л.(22) од с.Ногаевци, општина Градско, констатирани во Општата болница Велес.
Од здобиените повреди починал Љ.О., а од страна на лекар констатирана била смрт. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е предадено за обдукција.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Велес.
Топ
Битолчанец се удавил во водите на Охридското езеро

Вчера во 12.55 часот во ОВР Струга било пријавено дека во водите на Охридското езеро бил пронајден починат В.Т.(49) од Битола.
Од страна на лекар констатирана била смрт како последица на давење во вода.
Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Струга, а по наредба на Јавен обвинител по извршената обдукција телото е предадено на семејството.