Црна хроника
Aпсење во Горно Соње, приведен криминалец баран со потерница

Во скопското село Горно Соње денеска во 12.20 часот полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Ј.В.(46) од Куманово, со живеалиште во Скопје.
МВР соопшти дека тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од една година и шест месеци, за сторено кривично дело по член 131 став 1 од Кривичниот законик.
Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната, се вели во соопштението од МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Полицаец претепан од осуденик во затворот Идризово

Вчера околу 11:00 часот во СВР Скопје, од Казнено поправната установа Идризово било пријавено дека во установата, затворски полицаец бил физички нападнат од осуденикот К.А.(33) од Скопје.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Четирицикл удрил во пешаци во Битолско: четворица повредени

На 24.08.2025 во 16:25 часот во СВР Битола било пријавено дека на регионалниот пат Меџитлија- Старавина се случила сообраќајна несреќа во која четирицикл со битолски регистарски ознаки, управуван од Н.Ј.(36) од општина Новаци, удрил во пешаците Х.С.(25) и В.Т.(36), двајцата од Прилеп.
Во несреќата пешаците се здобиле со тешки телесни повреди, а возачот Н.Ј. и сопатникот од четирициклот С.Р.(32) од Австралија се здобиле со телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Битола.
Увидот го извршила увидната екипа на СВР Битола.
Топ
Уапсен возач во Кичево – усмртил пешак на пешачки премин и избегал од местото на несреќата

Полицијата уапси возач во Кичево кој со возило удрил во пешак и избегал, а пешакот подоцна починал во болница во Скопје.
Според информациите на МВР, вчера во 09:20 часот во Кичево, полициски службеници го уапсија Ф.Л.(18) од Кичево.
Имено, околу 06:.55 часот на пешачки премин на бул.„Ослободување“, тој со патничко возило „цитроен саксо“ со кичевски регистарски ознаки, кое го управувал, урил во пешакот С.Ш.(82) од Кичево и го напуштил местото, но во 07.10 часот се вратил без возилото.
Притоа, пешакот С.Ш. се здобил со тешки тешки телесни повреди и по укажаната помош во болницата во Кичево, поради сериозноста на повредите, бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје каде што во 21:00 часот починал.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.