Црна хроника
Арамии краделе од паркирани автомобили, стоката ја продавале преку интернет
– илустрација
Двајца скопјани заработија кривични пријави за кражби на територијата на Гази Баба, крадејќи од паркирани возила, соопшти полицијата.
Двајца скопјани заработија кривични пријави за кражби на територијата на Гази Баба, крадејќи од паркирани возила, соопшти полицијата.
Ш.Д.(33) и А.И.(25) кривичните дела ги извршиле во периодот од крајот на септември до крајот на октомври минатата година, во вечерните часови на подрачјето на Гази Баба. Притоа, на паркинг простор откако се увериле дека нема да бидат забележани од никого со помош на физичка сила и подесен предмет ги скршиле прозорските стакла од возилата и од нив одзеле лап топ компјутери, новчаник со пари и лични документи, патна торба со гардероба по што го напуштиле местото на настанот. Со извршувањето на кривичните дела истите се стекнале со противправна имотна корист од околу 104.000 денари. Пријавените, украдените предмети во повеќе наврати и на разни локации, а најчесто кај ТЦ „Чаирчанка“ ги продавале на третопријавениот А.Е.Б. кој иако знаел дека предметите потекнуваат од претходно извршени кривични дела, ги купувал од нив, а потоа истите ги огласувал на оглас на „Реклама 5“ за продажба оставајки го својот телефонски број за контакт. Четвртопријавениот П.П. од А.Е.Б. во неколку наврати купил лап -топ комјутери кои сакал потоа да ги препродаде, а во контакт со него стапил преку телефонскиот број кој бил оставен за контакт на огласот на „Реклама 5“. На 12.11.2015 година во ПС ОН „Гази Баба“ бил повикан П.П. и со него бил извршен разговор во кој го објаснил начинот на извршувањето на кривичното дело. На 22 минатиот месец во ПС ОН „Гази Баба“ А.Е.Б. бил приведен и со него бил извршен разговор, во кој истиот го појаснил начинот на извршување на кривичните дела.На 23. 01., пак со судска наредба бил извршен претрес во домовите на Ш.Д. и А.Е.Б. На 02.02. во ПС ОН „Гази Баба“ бил приведен Ш.Д. и со истиот бил извршен разговор, а додека А.И. не е пронајден и по истиот се трага.Инаку Ш.Д. e познат сторител на кривични дела од областа на имотните деликти, кривични дела против здравјето на луѓето и кривични дела против безбедноста на јавниот сообраќај, за што од страна на СВР Скопје во периодот од 2000-2014 година поднесени му биле 22 кривични пријави. На А.И. во 2010 година од страна на СВР Скопје поднесена му била една кривична пријава од областа на безбедноста на јавниот сообраќај, а на А.Б.Е. во 2014 година од страна на СВР Скопје поднесена му била една кривична пријава од областа против јавниот ред. /крај/со/ст
Извор: МВР
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Возач фатен со 1,99 промили алкохол во крвта и активна забрана за управување возило
Вчера во 21:10 часот на автопатот Куманово-Велес, кај клучка Аеродром во Скопје, полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи го лишија од слобода Т.А(54) од Велес.
Имено, при контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко моторно возило „ланчиа“ со велешки регистарски ознаки, кое го управувал Т.А. и по преземени мерки и извршен алкотест било констатирано дека возачот е под дејство на алкохол, односно дека управува моторно возило со 1,99 промили алкохол во крвта и дека имал активна забрана за управување возило.
Лицето од страна на полициските службеници е лишено од слобода и по документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
Црна хроника
Малолетник тешко повреден во сообраќајка на патот Прилеп–Македонски Брод
Ноќеска во 02:00 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на патот Прилеп–Македонски Брод се случила сообраќајна несреќа помеѓу две патнички возила.
Според информациите, несреќата се случила меѓу „ауди“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Ф.И. од село Дебреште, и „бмв“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Е.Ш. од истото село.
По несреќата, 17-годишен сопатник од возилото „ауди“ бил пренесен во Градска општа болница Прилеп, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ОВР Македонски Брод.
Се работи на целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Пријавени тепачки во Шуто Оризари
Во СВР Скопје било пријавено дека на 24.02.2026 година на подрачјето на Шуто Оризари, по претходна расправија помеѓу двајца малолетници, повеќе лица физички нападнале еден од малолетниците.
Според пријавата, во инцидентот учествувале М.Х. (22), И.Х. (23) и Р.Х. (46).
Подоцна било пријавено и нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу И.З. (54) и Р.З. (36) од една страна, и М.Х. и И.Х. од друга страна, сите од Скопје.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

