Црна хроника
Автомобил излетал во бездна, возачот загинал на лице место
Автомобил „киа спортаж“ со битолски регистерски таблици излетал од патото во бездна, при што возачот на автомобилот починал на лице место.
Несреќата се случила во понеделникот во 13.30 часот на патот Битола – Ресен, кога шеесет и двегодишниот возач на автомобилот, изгубил контрола на возилото, преминал на левата страна од патот и удрил во метален заштитен браник, по што возилото излетало од коловозот и се превртело по надолнината.Од здобиените повреди, на местото на настанот починал возачот, додека сопатникот во возилото, дваесет и тригодишен битолчанец, се здобил со телесни повреди.На истиот му е укажана лекарска помош и бил задржан на лекување во Клиничка болница-Битола. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Битола. По наредба на Јавен обвинител над телото на починатиот ќе се врши обдукција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се степале за паркинг во Петровец, па му се заканил со огнено оружје
Вчера во СВР Скопје, И.К.(41) од с.Петровец, скопско пријавил дека околу 18:00 часот во с.Петровец, скопско, по претходно недоразбирање околу паркинг простор, Д.Д. се обидел физички да го нападне.
Потоа му упатил закани со огнено оружје.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Фото: депозитфотос
Црна хроника
Насилство во Тетовско: нападната 19-годишна девојка
СВР Тетово поднесе кривична пријава против П.А.(28), С.А.(30), Е.А.(23), Г.А.(44) и А.А.(19), сите од с.Желино, тетовско.
Тие се сомничат за сторено кривично дело „насилство“.
Имено, според полицијата на 26.09.2025 во с.Желино, по претходна расправија, пријавените физички нападнале 19-годишна девојка од истото село.
Црна хроника
Загина 48-годишен возач: со возилото излетал од патот Кочани – Виница
Вчера во 17:35 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на магистралниот пат Кочани- Виница, на место викано „Сланечки дол“, патничко возило „пежо“ со винички регистарски ознаки, управувано од Б.Ќ.(48) од Виница, излетало надвор од коловозот.
Од здобиените повреди на местото на настанот починал возачот, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.
По насоки на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кочани.

