Црна хроника
Автомобил удри во излог од продавница во центарот на Скопје

Автомобил „фолксваген“ со гостиварски регистарски таблици утрово околу 5 часот удри во излог од продавница на раскрсницата меѓу булеварот „Партизански одреди“ и „ВМРО“ кај зградата „Тифани“ во центарот на Скопје, соопшти СВР Скопје.
Со автомобилот управувал дваесет и шестгодишниот М.А. од Гостивар кој со тешки повреди е пренесен во Ургентниот центар во Скопје. Според првичните информации возачот е надвор од животна опасност.Предниот дел на автомобилот е целосно искршен. Полицијата изврши увид на лице место, автмобилот ќе биде однесен на технички преглед и ќе се утврдува како гостиварецот влетал директно во излогот./крај/мвр
Извор: Фото: Телеграф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Неовластено навлегла во електронскиот систем на банката и со туѓа картичка од банкомат подигнала пари

СВР Штип поднесе кривична пријава против Г.Т.(41) од Македонска Каменица.
Таа се сомничи за сторено продолжено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.
Во периодот од 09.06.2025 до 30.06.2025, пријавената во шест наврати неовластено навлегла во електронски систем на банка и со картичка на лице од село во општина Зрновци, од банкомат во истото село подигнала вкупно 52.000 денари, кои противправно ги присвоила.
Топ
Две лица загинаа во сообраќајна несреќа кај Градско: со возилото излетале од патот

Вчера околу 14:35 часот во СВР Велес било пријавено дека на експресниот пат Прилеп-Градско, патничко возило „ауди“ со делчевски регистарски ознаки, управувано од Ќ.С.(60) од Делчево, излетало од коловозот.
Од здобиените повреди на местото на несреќата починале возачот и неговата 57-годишна сопатничка С.С. од Делчево.
Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телата на починатите биле дадени на обдукција.
Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Велес.
Црна хроника
Возеле пијани и предизвикале сообраќајни несреќи – приведени двајца возачи од Берово и од Кочани

Двајца возачи се приведени поради управување возило под дејство на алкохол и предизвикување сообраќајни незгоди.
Вчера во Кочани, приведен е А.М. (58) од овој град. Околу 18 часот, тој со „мерцедес“ удрил во паркирано возило „форд“. При увидот било утврдено дека управувал со 1,93 промили алкохол во крвта.
Утрово во 03:20 часот, во атарот на село Чифлик, Берово, полициски службеници ја лишиле од слобода В.К. (23) од Берово. Таа околу 02:50 часот изгубила контрола над „матиз“ и излетала од патот. При увидот било утврдено дека управувала автомобил со 1,59 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на случаите, против двајцата ќе биде поднесена пријава за безобѕирно управување со моторно возило.