Црна хроника
Барале „оштета“ за глобата што ја платиле за претепување на таткото на оштетениот
СВР Скопје со кривична пријава до надлежното ОЈО Скопје ги предаде М.А (34), Р.А (36) и М.Д (27) сите од Шуто Оризари-Скопје, поради основано сомневање дека сториле кривично дело – “изнуда“.
Пријавените од крајот на минатиот месец континуирано, лично и телефонски на 29 годишен скопјанец кој привремено живее и работи во Холандија, му упатувале закани по неговиот живот и животот на неговото семејство. Пријавените од оштетениот барале да им даде 2.000 евра за наводен долг кој настанал поради тоа што пријавените предходно физички го нападнале таткото на оштетениот, и биле казнети со по 1.000 евра глоба и побарале уште 1.000 евра за нивни потреби.
На почетокот на месецов, односно 02.03., по предходно телефонско јавување од страна на пријавените и сериозни закани, оштетениот исплашен по неговиот живот и животите на неговото семејство, во центарот на населбата Шуто Оризари се сретнал со тројцата пријавени и на третопријавениот М.Д му дал 500 евра. Пријавените незадоволни од износот на паричните средства кои ги изнудиле на оштетениот, наредниот ден околу 03,00 часот, насилно влегле во неговиот дом каде повторно му се заканувале по неговиот живот и животите на неговите блиски при што му впериле пиштол и му се заканиле дека доколку до 18,00 часот не им даде уште 500 евра ќе го убијат и ќе му се вселат во куќата или истата ќе ја запалат.
Откако си заминале од неговиот дом, оштетениот случајот го пријавил во полиција, од каде по крим техничка обработка на 500 евра, истиот се вратил во неговиот дом за да се сретне со пријавените. Околу 18,00 часот М.А и Р.А дошле кај оштетениот, кој им ги дал парите по што тие го напуштиле неговиот дом и по кусо време од страна на полициски службеници од ЕНК и ЕПОИ АЛФА, истите се лишени од слобода, додека М.Д., кој не бил дојден со нив подоцна е пронајден и приведен.
Инаку, сите тројца пријавени се познати сторители на деликти проследени со насилство, крвни и сексуални деликти, криумчарење на мигранти, недозволена трговија со оружје и имотни деликти, за што во временскиот период од 1994 до 2012 годени им се поднесени вкупно 19 кривични пријави.
Од страна на Судија на претходна постапка на тројцата пријавени им е одредена мерка притвор во траење од 30 денови. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Мајка од Велес ги оставила петте малолетни деца сами и заминала за Скопје
Полициски службеници од полициската станица „Ѓорче Петров“ синоќа во 2:05 часот по полноќ лишиле од слобода 36-годишна велешанка. Претходно во СВР Велес било пријавено дека таа во домот ги оставила нејзините пет малолетни деца и заминала во Скопје.
Како што денеска информираат од СВР Велес, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Приведен 21-годишен охриѓанец, нападнал полицаец
Вчера во 00:10 часот, во угостителски објект лоциран на улицата „Св. Климент Охридски“ во Охрид, приведен е лице на (21) од Охрид, кој претходно бил агресивен кон полициските службеници кои преземале службени дејствија.
По целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Угинато куче со пена на уста најдено на улица во Кавадарци, ќе постапува обвинител
Угинато куче било пронајдено доцна синоќа на улица во Кавадарци, по насока на јавен обвинител телото било однесено на обдукција, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.
– Синоќа во 22:15 часот во ОВР – Кавадарци, од Здружението за заштита на животни било пријавено дека на улица „Димката Ангелов – Габерот“ во Кавадарци има мртво куче со пена на устата. По насока на јавен обвинител, телото на кучето било подигнато од ветеринарен лекар и однесено во ветеринарна станица за вршење обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, соопштија од СВР – Велес.

