Црна хроника
Битола и Штип предничат по семејно насилство, Тетово и Скопје со најниска стапка
Стапката на семејното насилство е највисока на подрачје на Секретаријатите за внатрешни работи во Битола и во Штип, а најниска на подрачје на истите органи во Тетово и во Скопје; при што е забележани намалување на сите три параметри, односно кривични дела, прекршоци и поплаки на териториите на Охрид и Куманово, покажува статистиката за првите шест месеци од годинава што ја презентираше во неделата Министерството за внатрешни работи
Стапката на семејното насилство е највисока на подрачје на Секретаријатите за внатрешни работи во Битола и во Штип, а најниска на подрачје на истите органи во Тетово и во Скопје; при што е забележани намалување на сите три параметри, односно кривични дела, прекршоци и поплаки на териториите на Охрид и Куманово, покажува статистиката за првите шест месеци од годинава што ја презентираше во неделата Министерството за внатрешни работи
Пораст на кривичните дела сторени при семејно насилство е забележан за 16,1 отсто, како и на поплаките за семејно насилство за 3,4 проценти, но и значително намалување на прекршоците извршени меѓу членови на семејство за 46,2 отсто, како резултат на се посоодветното третирање на семејното насилство од страна на полицијата, односно кривично санкционирање на оваа појава, истакнуваат од Министерството за внатрешни работи.
Во првото полугодие од 2014 година, на подрачјето на Македонија се регистрирани 389 кривични дела сторени при семејно насилство, што претставува зголемување од 16,1 отсто во однос на истиот период минатата година кога беа регистрирани 335 кривични дела. За разлика од кривичните дела, прекршоците ова полугодие бележат големо намалување од 46,2 проценти, односно регистрирани се 152 (наспроти ланските – 283) прекршоци, извршени помеѓу членови на потесното семејство.
Минимално зголемување од 3,4 отсто е забележано кај поплаките поднесени од лица против членови на нивните семејства, така што нивниот број ова полугодие изнесува 2.120, во однос на 2.050 од првите шест месеци од 2013 година.
Анализирајќи ги состојбите по сектори, се заклучува дека зголемувањето е резултат на порастот на кривичните дела кое е најевидентно во СВР Тетово за 93 отсто, потоа СВР Штип за 50 отсто и СВР Скопје за 24,4 проценти, додека на останатите сектори не се регистрирани поголеми разлики. Зголемувањето на кривични дела се должи на порастот на делата „телесна повреда“ за 25,6 отсто.
Забележителното намалување на прекршоците извршени меѓу членови на семејството, се должи на се поадекватното третирање на семејното насилство, односно полициските службеници построго го санкционираат семејното насилство. Од прекршоците, повеќе од половина се регистрирани на подрачје на СВР Скопје, на останатите подрачја се регистрирани од два до 28 прекршоци, додека во СВР Битола не е регистриран ниту еден прекршок. Пораст на кривичните дела и прекршоците е забележан на подрачје на СВР Штип, а поплаките се на исто ниво како и лани, додека на подрачје на СВР Куманово и СВР Охрид се намалени трите параметри по кој се постапува при семејно насилство.
Во анализираниот период се извршени 389 кривични дела од кои најголем број се 67 отсто се телесни повреди и 30 отсто се загрозување на сигурноста. Останатите кривични дела се: по две убиства и противправни лишувања од слобода и по четири тешки телесни повреди и принуди.
Како сторители на кривични дела, во 93 отсто од случаите се јавуваат лица од машки пол, а поделбата според роднинските врски укажува дека во 43 отсто од случаите сторител е сопругот а во 9 проценти тоа е вонбрачен сопруг. Поранешните сопрузи со 7 отсто учествуваат во овие кривични дела, татковците во 4 отсто случаи се пријавени, а синовите во 19 отсто. Мајките со еден отсто, како и ќерките, се јавуваат како сторители на вакво дело, додека застапени се сопругите, со 2 процента.
Што се однесува до прекршоците, најголемиот дел се сторени на подрачјето на СВР Скопје – 56,5 отсто, додека на подрачјето на останатите сектори, учеството е од 2 отсто на подрачје на СВР Охрид па до 19 отсто на подрачје на СВР Штип. Во СВР Битола не е регистриран ниту еден прекршок:
Во однос на прекршоците сторени меѓу членови на семејство, намалувањето се должи на прекршокот „малтретирање на друг во стан“, кој бележи драстичното намалување за 41,5 отсто, но намалени се и другите видови прекршоци.
Овие прекршоци, во 94 отсто од случаите ги извршиле лица од машки пол и тоа најчесто сопрузи и синови (исто како и кај кривичните дела), во 26 случаи сторителите биле под дејство на алкохол, во 19 при психичко растројство и во еден случај при уживање дрога, при што сторителите најчесто физички или вербално ги напаѓале своите најблиски.
Како што констатиравме погоре во текстот, бројот на поднесените поплаки е незначително зголемен за 3,4 отсто, а најголем број се регистрирани на подрачје на СВР Скопје: Притоа, најголем број од поплаките е поради психичко малтретирање на жртвата-1.641, потоа 388 се заради физичко малтретирање и 91 поплака е поднесена поради тоа што сторителот ја малтретирал жртвата од економски побуди./крај/мф./сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Вработен во фабрика за медицински канабис во Охрид фатен со дрога
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ј.П.(42) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
Според информациите на МВР, при излез од фабрика за производство на медицински канабис во Охрид, полициски службеници извршиле преглед на пријавениот, при што кај него бил пронајден и одземен хашиш.
Црна хроника
Ограбено финансиско друштво во Гази Баба, разбојникот ја скршил влезната врата
Разбојник ја скршил влезната врата на финансиско друштво во Скопје, влегол внатре и украл пари.
Вчера околу 05:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во периодот од 19:00 часот на 09.02.2026 до 04:40 часот на 10.02.2026 со употреба на сила и подесен алат е скршено стакло од влезна врата на објект на финансиско друштво на подрачјето на Гази Баба во Скопје, по што е влезено внатре и се одземени пари.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Возач удри жена на улица во Скопје и побегна, МВР го пронајде
Вчера нешто пред 17 часот, на улицата Његошева во Скопје се случи сообраќајна несреќа во која 69-годишната В.Д. заврши со телесни повреди.
Возилото што ја удрило било „рено“ со скопски регистарски таблички, а зад воланот бил 46-годишниот А.С. Наместо да застане и да ѝ помогне, возачот – според пријавата во СВР Скопје – побегнал од местото на настанот.
Повредената жена била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што лекарите ѝ констатирале телесни повреди. Полицијата веднаш презела мерки за лоцирање на возачот, кој бил пронајден и со него бил извршен службен разговор.
Според информациите од СВР Скопје, за случајот е известен јавен обвинител, а по целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.

