Црна хроника
Битолчанка сама се пријавила во полиција дека му ги запалила становите на син и

Битолчанка во средата вечерта сама се пријавила во охридската полиција дека ги запалила двата стана на нејзниот син, едниот во Охрид, другиот во Битола.
Во станот во Битола целосно биле изгорени аголна гарнитура за седење и тепих во дневната соба, тепих во ходник, а оштетена и опожарена била целата покуќнина во кујната, трпезаријата, дневната соба и спалната соба. Во станот во Охрид опожарен бил двоседот, а од пламенот оштетен бил и телевизорот. Пожарите биле изгаснати, но не е позната причината и мотивот зошто мајката ги запалила становите./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.