Црна хроника
„БМВ“ се заби во цистерна во Ново Лисиче, тројца тешко повредени
Три момчиња се тешко повредени, а двајца сопатници од автомобилот „БМВ“ се полесно повредени во сообраќајката што се случила ноќеска во скопската населба Ново Лисиче.
Според информациите на СВР Скопје, сообраќајакта се случила на булевар „Србија“ ноќеска околу 2.40 часот. Автомобил „БМВ“ со скопски регистерски таблици удрил во цистерна со кичевски регистерски таблици. Според информациите објавени во медиумите, чии екипи биле на лице место на несреќата, цистерната била паркирана на бензинска пумпа и била полна со гас.Од ударот, дваесетгодишниот возач на автомобилот и двајца деветнаесетгодишни сопатници во „БМВ“ се тешко повредени и се пренесени во болница. Возачот е пренесен во болницата за хируршки болести „Свети Наум Охридски“, а сопатниците во Ургентниот центар.Другите двајца сопатници, се здобиле со полесни телесни повреди и се пренесени исто така, едниот во „Св. Наум Охридски“, а другиот во Ургентниот центар./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.