Црна хроника
Бугарка крадела од ташни на пациенти на скопските клиники
Бугарката С.И.М.(53) од Плевен, Бугарија извршила најмалку две кражби, на скопските клиники, и тоа од ташни на пациентки крадела паричници, поради што има забрана за влез во Македонија во следните пет години.
Бугарката С.И.М.(53) од Плевен, Бугарија извршила најмалку две кражби, на скопските клиники, и тоа од ташни на пациентки крадела паричници, поради што има забрана за влез во Македонија во следните пет години.
Кривичните дела ги извршила минатиот и овој месец на подрачје на општина Центар, односно во Клиничкиот центар “Мајка Терезa“.
Првото кривично дело го извршила на 17-ти минатиот месец околу пладне во чекалната на ЈЗУ Институт за трансфузиологија, на тој начин што ја искористила гужвата и невниманието на оштетената и со протнување на раката во ташната која оштетената ја носела во левата рака успеала да и го украде паричникот со пари, кредитни картички и други лични документи.
Второто кривично дело го извршила на 12 овој месец околу пладне на шалтерот во амбулантата за дијабетис, на тој начин што искористувајќи ја гужвата и невниманието на оштетената која чекала пред шалтерот и со протнување на раката во ташната која ја носела на рамо, успеала да и го украде паричникот со пари и лични документи.
По извршувањето на второто кривичното дело пријавената била забележана полицаец при што истата е лишена од слобода и приведена, каде е извршен разговор, по што е расветлено и првото кривично дело./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Приведен 15-годишник во делчевско по пријава за обљуба врз малолетничка
На 28 февруари 2026 година во 14:30 часот во делчевско, полициски службеници од ОВР Делчево лишиле од слобода 15-годишник, постапувајќи по претходна пријава од 17-годишна малолетничка.
Според пријавата, откако претходно се договориле да се сретнат, тој извршил обљуба врз неа.
За настанот бил известен јавен обвинител, како и Центарот за социјална работа, а известен бил и родител на малолетникот. Надлежните институции преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.
Црна хроника
Пронајдена граната од Првата светска војна во битолско село
На 28 февруари 2026 година во 09:40 часот во СВР Битола, П.С. од село Добромири, битолско, пријавил дека во дворното место пронашол стара граната.
По пријавата, на местото излегол пиротехничар од Дирекција за заштита и спасување, кој безбедно ја подигнал гранатата. При извршената проверка било утврдено дека станува збор за минофрлачка граната од 75 милиметри, која потекнува од Првата светска војна.
Надлежните апелираат до граѓаните доколку пронајдат сомнителни експлозивни направи веднаш да ги пријават во полиција и да не ги допираат.
Црна хроника
Тешко повреден 17-годишен мотоциклист во сообраќајка во Битола
На 28 февруари 2026 година во 14:42 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосницата меѓу улиците „Македонски Гемиџии“ и „Индустриска“ во Битола се случила сообраќајна несреќа меѓу товарно возило мерцедес со битолски регистарски ознаки и мотоцикл лонгиа, исто така со битолски ознаки.
Товарното возило го управувал З.В. (42) од Битола, додека мотоциклот го управувал 17-годишник од Битола.
Во несреќата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Битола.

