Црна хроника
Бугарски државјанин сакал да прокриумчари 11 сириски илегални мигранти
Граничната полиција во Гевгелија го приведе бугарскиот дравјанин К.К. (33) кој се обидел во Македонија од Грција да внесе 11 сиријски мигранти.
Случајот бил откриен на граничниот премин Богородица при влез во Македонија во ТМВ „Мерцедес 814“ со бугарски регистарски таблички сопственост на „ВЕДА“ ООД од Плевен, Бугарија, управувано од пријавениот, при извршена контрола од полициски службеници во содејство со царински работници при детална контрола во специјално направен простор (бункер) во товарниот простор на ТМВ откриени се 11 државјани на Сирија на возраст од 35 до 18 години со намера да бидат превезени до Србија.
Од страна на кримтехника од ПС Гевгелија е извршено фотодокументирање на настанот и мигрантите, а лицето е приведено во просториите на ПС за ГП и ГН Богородица и е извршен информативен разговор со истиот, поучен за своите права. сириските мигрантите се сместени во Прифатен центар во Скопје.
Од страна на Судија на претходна постапка од Основен Суд Скопје на пријавениот му е одредена мерка притвор во траење од осум дена. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Комбе удри пешак во Скопје, со тешки повреди е пренесен во болница
Вчера околу 14:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје, товарно возило „фолксваген кеди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(21) од Скопје, удрило во пешакот З.С.(56) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Старица паднала од автобус, па била прегазена
Вчера околу 12:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, автобус „мерцедес“, управуван од В.А.(56) од Скопје, ја прегазил преку нога 72-годишната А.Б. од Скопје, откако претходно паднала од автобусот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.Б., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Топ
Во Белград уапсен Саит Саитов, кој прегази жена во Капиштец и избега
Министерството за внатрешни работи извести дека вчера биле информирани од надлежните служви во Србија дека во Белград е лишен од слобода Саит Саитов од Скопје, кој се бара со меѓународна потерница, распишана од македонското МВР, под сомнение за извршени тешки кривични дела „против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ и „неукажување на помош на лице повредено во сообраќајна незгода“, за кривично-правен настан кој се случи во Скопје на 09.01.2026.
На Саитов му е одреден екстрадициски притвор и следува постапка помеѓу министерствата за правда на двете држави, со цел негово екстрадирање во Македонија и изведување пред лицето на правдата и негово соодветно санкционирање.

