Црна хроника
Цената на нафтата стабилна над 78 долари, во фокусот OPEC
Цената на барел сирова нафта се стабилизраше во петокот на светските берзи околу 78 долари, притисната од обилната понуда и сомнежите дека Организацијата на држави-извознички на нафта (OPEC) ќе го снижи производството и покрај значителниот пад на цените.
На лондонската берза цената на барелот потона накратко на 76,76 долари, за да се стабилизра подоцна на 78,13 долари, што е плус од 62 центи во однос на затворањето од претходниот ден. Вчера го заклучи тргувањето во минус од 2,46 долари, односно 3,1 отсто.
На американската берза со барелот во петокот се тргуваше по речиси непроменета цена од 74,35 долари, откако вчера го заклучи тргувањето во минус за 2,97 долари, односно 3,9 отсто.
Во четвртокот нафтените пазари ги разниша податокот за силен скок на залихите во американскиот инфраструктурен јазол минатата недела за 1,7 милиони барели.
На овој податокот во петокот се надоврза предупредувањето на Меѓународната агенција за енергија (IEA) во редовниот месечен извештај дека цената на нафтата би можела да падне и наредната година.
Под услов да нема ново нарушување во снабдувањето, притисоците на натамошниот пад на цената на нафтата би можеле дополнително да зајакнат во првата половина од 2015 година“, стои во изветајот на IEA.
„Се појасно станува дека е отворено ново поглавје во историјата на нафтените пазари“, констатираат од IEA и укажуваат на намалената поторшувачка во Кина и на засилено производство во Северна Америка и во другите делови на светот.
Од IEA забележауваат засилен притисок на OPEC да го намали целното производство. Членките на нафтениот картел ќе се состанат на 27 ноември во Виена за да ги разгледаат опциите за одговор за остриот пад на цената. Некои меѓу нив, како Венецуела, сакаат OPEC да го намали производстото, но најголемиот извозник Саудиска Арабија се уште не се изјасни.
Саудискиот министер за нафта Али ал-Наими деновиве го прекина молчењето, порачувајќи дека неговата држава ќе истрае во политиката на сочувување на стабилноста на пазарот. Саудиска Арабија неодамна ја снижи цената за купците во Азија, а потоа и во САД што е протолкувано како обид да се сочува пазарниот удел. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Малолетник тешко повреден во сообраќајка на патот Прилеп–Македонски Брод
Ноќеска во 02:00 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на патот Прилеп–Македонски Брод се случила сообраќајна несреќа помеѓу две патнички возила.
Според информациите, несреќата се случила меѓу „ауди“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Ф.И. од село Дебреште, и „бмв“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Е.Ш. од истото село.
По несреќата, 17-годишен сопатник од возилото „ауди“ бил пренесен во Градска општа болница Прилеп, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ОВР Македонски Брод.
Се работи на целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Пријавени тепачки во Шуто Оризари
Во СВР Скопје било пријавено дека на 24.02.2026 година на подрачјето на Шуто Оризари, по претходна расправија помеѓу двајца малолетници, повеќе лица физички нападнале еден од малолетниците.
Според пријавата, во инцидентот учествувале М.Х. (22), И.Х. (23) и Р.Х. (46).
Подоцна било пријавено и нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу И.З. (54) и Р.З. (36) од една страна, и М.Х. и И.Х. од друга страна, сите од Скопје.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Жена пријавила физички напад од вонбрачен партнер во Драчево
Дваесет и двегодишна жена пријавила во СВР Скопје дека била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер.
Според пријавата, на 27.02.2026 година околу 12:00 часот, во дом на подрачјето на Драчево, таа била нападната од С.С. (22) од Скопје. Случајот бил пријавен во полиција во 16:30 часот истиот ден.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

