Црна хроника
Цепачи на огревни дрва нападнале полицаец во Битола
Двајца мажи кои сечеле дрва во Битола, нападнале полицаец, затоа што не можеле да поминат со машината за сечење огревни дрва.
Двајца мажи кои сечеле дрва во Битола, нападнале полицаец, затоа што не можеле да поминат со машината за сечење огревни дрва.
Имено, инцидентот се случил во четвртокот, во 14 часот додека полицаецот извршувал службено дејствие на ул.„Ѓорги Сугарев“, каде го паркирал службеното возило „Цитроен Берлинго“. Две непознати лица, од кои претходно бил блокиран патот со машина за сечење огревни дрва, ја ослободиле улицата и се упатиле кон службеното возило, но бидејќи не можеле да поминат почнале да викаат и да го навредуваат со погрдни зборови. Едно од лицата со употреба на сила, со раце го удрил во пределот на главата. Подоцна дошол и неговиот татко кој, исто така, со раце го удрил полицискиот службеник во пределот на главата, нанесувајќи му повреди кои се констатирани од страна на доктор од Клиничка болница Битола. Полициски службеници од Битола ги лишиле од слобода и задржале во полициска станица лицата А.Ј. (42) и Џ.Ј. (19), двајцата од Битола. Против истите ќе биде поднесена кривична пријава./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Малолетничка најдена онесвестена во Карпош, пренесена е на Клинички
Шеснаесетгодишна малолетничка била пронајдена во безсознание вчера околу 14:00 часот на подрачјето на Карпош, информираат од СВР Скопје.
Според пријавата, девојчето итно било пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. При интервенцијата, кај неа биле пронајдени мало шише со бела прашкаста материја и бела грутчеста материја.
Со малолетничката бил и П.С. (18) од Скопје.
Од полицијата соопштуваат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.
Црна хроника
Залутан куршум заврши во куќа во Долно Лисиче
Вчера во СВР Скопје, Д.А. од село Долно Лисиче, скопско, пријавил дека, додека седел во дворот од куќата, слушнал истрел, а потоа пронашол заталкано зрно од огнено оружје, кое му го оштетило стаклото од балконот.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а зрното било подигнато за понатамошна постапка.
Црна хроника
Измама со крипто валути, кумановец останал без 43.750 евра
Вчера во СВР Велес, 48-годишен кумановец пријавил дека бил измамен за сума од 43.750 евра.
Според пријавеното, тој на социјална мрежа објавил оглас за откупување на крипто валута, а подоцна преку друга социјална мрежа контактирал со лице со кое се договориле во крипто менувачница во Велес да ги уплати парите, а за возврат да му се исплатат крипто средства.
Пријавителот ги предал парите на лице вработено во менувачницата во Велес и му било кажано дека истите се испратени на наведената адреса, но тој на својата адреса не ги примил крипто средствата, а лицето со кое контактирал го избришало разговорот од социјалната мрежа и ги блокирал неговиот број и бројот на менувачницата, по што сфатил дека бил измамен.
Известен бил јавен обвинител и се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
фото/Depositphotos

