Црна хроника
Четворица обвинети за насилство врз сведоци
Четири млади лица, од кои тројца жители од скопското село Глумово, се обвинети поради сомневање дека сториле кривични дела насилство и незаконско влијание врз сведоци за случај од март годинава кога на автобуска постојка физички бил нападна средношколец кому подоцна му се заканувале да ја повеќе изјавата дадена за инцидентот.
Од СВР Скопје – Единица за насилен криминал во неделата информираа дека до Основно јавно обвинителство Скопје е поднесена кривична пријава против 19-годишниот С.О. од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено едно кривично дело „насилство“ и против О.И.(25), Б.J. (22) и В.Ј.(21) сите од селото Глумово поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „Насилство“и „Незаконито влијание врз сведоци“.
Имено, на 31-ви март годинава околу 11 часот на улицата „Џон Кенеди“ во скопската населба Чаир на автобуска постојка, додека оштетениот кој е ученик во СГУС „Цветан Димов“ чекал автобус заедно со неговата девојка и уште двајца другари, во еден момент од спротивната страна на улицата застанало возило од кое излегле сега пријавените, при што највозрасниот му се приближил и му рекол дека првопријавениот 19-годишникот сакал да разговара со него.
Откако се сретнал со првопријавениот кој бил заедно со другите двајца пријавени, средношколецот бил физички нападнат, при што добил тупаница во пределот на главата, а веднаш потоа и другите пријавени почнале да го удираат со клоци и гумена палка во пределот на главата и телото, по што го напуштиле местото на настанот, а оштетениот се здобил со телесни повреди.
Подоцна, на 16-ти парил, пред средното училиште „Цветан Димов“ дошле второ, трето и четврто пријавениот и му се заканувале на оштетениот дека доколку не ја повлече дадената пријава против нив, ќе нападнат врз неговиот живот, а истите закани подоцна ги упатиле и кон неговата мајка. Оштетените потоа случајот повторно го пријавиле во полиција./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Малолетник тешко повреден во сообраќајка на патот Прилеп–Македонски Брод
Ноќеска во 02:00 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на патот Прилеп–Македонски Брод се случила сообраќајна несреќа помеѓу две патнички возила.
Според информациите, несреќата се случила меѓу „ауди“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Ф.И. од село Дебреште, и „бмв“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Е.Ш. од истото село.
По несреќата, 17-годишен сопатник од возилото „ауди“ бил пренесен во Градска општа болница Прилеп, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ОВР Македонски Брод.
Се работи на целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Пријавени тепачки во Шуто Оризари
Во СВР Скопје било пријавено дека на 24.02.2026 година на подрачјето на Шуто Оризари, по претходна расправија помеѓу двајца малолетници, повеќе лица физички нападнале еден од малолетниците.
Според пријавата, во инцидентот учествувале М.Х. (22), И.Х. (23) и Р.Х. (46).
Подоцна било пријавено и нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу И.З. (54) и Р.З. (36) од една страна, и М.Х. и И.Х. од друга страна, сите од Скопје.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Жена пријавила физички напад од вонбрачен партнер во Драчево
Дваесет и двегодишна жена пријавила во СВР Скопје дека била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер.
Според пријавата, на 27.02.2026 година околу 12:00 часот, во дом на подрачјето на Драчево, таа била нападната од С.С. (22) од Скопје. Случајот бил пријавен во полиција во 16:30 часот истиот ден.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

