Црна хроника
Четворица штипјани повредени во сообраќајка кај Катланово
Четворица штипјани се повредени утринава кога нивниот автомобил „Aуди 80“ движејќи се по автопатот Велес – Катланово излетал од патот. Несреќата се случила околу 10 часот на еден километар пред Kатлановскиот тунел, јавува велешкиот портал Лисица.
Од засега неутврдени причини, возилото прво удрило во заштитната ограда покрај патот, а потоа неколку пати се превртело. Од силината на ударот, биле откорнати 20-тина метри од оградата. На овој дел од патот не се изведуваат градежни работи. Овде максималната брзина на движење изнесува 100 километри на час.Веднаш по несреќата, четворицата патници на возраст од 20 до 40 години се пренесени во скопската болница „Свети Наум Охридски“. Кај нив лекарите утврдиле набиеници по телото и по укажаната помош се упатени на домашно лекување. На местото на несреќата направен е увид кој треба да ги открие причините за излетувањето на возилото.Инаку на автопатот Велес-Катланово поради густата магла е намалена видливоста на околу 30 метри. Утринава дополнителен проблем за возачите беше и влажниот коловоз./крај/лсц
Извор: Лисица
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Комбе удри пешак во Скопје, со тешки повреди е пренесен во болница
Вчера околу 14:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје, товарно возило „фолксваген кеди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(21) од Скопје, удрило во пешакот З.С.(56) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Старица паднала од автобус, па била прегазена
Вчера околу 12:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, автобус „мерцедес“, управуван од В.А.(56) од Скопје, ја прегазил преку нога 72-годишната А.Б. од Скопје, откако претходно паднала од автобусот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.Б., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Топ
Во Белград уапсен Саит Саитов, кој прегази жена во Капиштец и избега
Министерството за внатрешни работи извести дека вчера биле информирани од надлежните служви во Србија дека во Белград е лишен од слобода Саит Саитов од Скопје, кој се бара со меѓународна потерница, распишана од македонското МВР, под сомнение за извршени тешки кривични дела „против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ и „неукажување на помош на лице повредено во сообраќајна незгода“, за кривично-правен настан кој се случи во Скопје на 09.01.2026.
На Саитов му е одреден екстрадициски притвор и следува постапка помеѓу министерствата за правда на двете држави, со цел негово екстрадирање во Македонија и изведување пред лицето на правдата и негово соодветно санкционирање.

