Црна хроника
Членови семејството на Христијан му подарија маица со ликот на момчето на градоначалникот на Гази Баба
Членови на семејството на Христијан, тинејџерот кој беше прегазен додека возел велосипед, по протестот во недела отишле во домот на градоначалникот на општина Гази Баба, Тони Трајковски и му подариле маица со ликот на загинатото момче барајќи да се расветли инцидентот.
Протестот се одржа во неделата од 11 до 16 часот во скопската населба „Гоце Делчев“, на регионалниот пат Хиподром-Петровец. Целта на протестот е подигање на свеста на јавноста за безбедноста во сообраќајот како и вреднување на човечкиот живот.
Во периодот од 12.00 до 14.20 часот бил блокиран сообраќајот на наведената локација од страна на околу 350 граѓани. Во 14.30 часот дел од граѓаните си заминале, а околу 10 возила со граѓани се упатиле во населбата Железара каде што живее градоначалникот на Општина Гази Баба.
Околу 60 граѓани протестирале мирно пред влезот на зградата, а неколку од нив заѕвониле на врата од станот каде што живее градоначалникот, при што на членови на неговото семејството на Христијан му дале една маица со ликот на загинатиот Христијан. Во 15.20 часот протестот завршил мирно и без инциденти.
Деветнаесет годишниот Христијан Крстески беше прегазен на 20 септември додека се возел со велосипед по тротоар. Бил прегазен на тротоар од страна на возило со коешто управувал пијан возач./крај/мф/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Гостиварец пронашол кинески гранати под карпа покрај река
Во ОВР Гостивар вчера во 16:20 часот В.В. од Гостивар пријави дека на потегот помеѓу с. Трново и с. Железна Река, под карпа покрај реката, пронашол четири експлозивни направи.
Стручна екипа од МВР ги подигнала четирите гранати од кинеско производство за понатамошно вештачење и расчистување на случајот.
Црна хроника
Со автобус удрил во кабина на Граничниот премин Долно Блаце
Синоќа во 23:55 часот во СВР Скопје е пријавено дека на Граничниот премин Долно Блаце, на излез од државата, И.Ф.(40) од Р.Косово, управувајќи автобус со косовски национални ознаки, удрил во кабина.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје, при што на И.Ф. не му е дозволен излез од државата, односно му биле одземени документите за понатамошна постапка, информира МВР.
Црна хроника
14-годишник управувајќи четирицикл излетал од патот во Кичевско
Вчера во 16:30 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на локалниот пат с.Зајас- Теќе маало, 14-годишник од с.Горно Строгомиште, кичевско, управувајќи четирицикл со кичевски регистарски ознаки, излетал надвор од коловозот.
Во несреќата со повреди се здобил возачот и неговиот 14-годишен сопатник од с.Зајас, кичевско, констатирани во Медицинскиот центар Кичево и Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Кичево, а по наредба на јавен обвинител, четирициклот е одземен, соопшти полицијата.

