Црна хроника
Дадилката не се чувствува виновна, адвокатот бара преквалификација на делото
Дадилката која е обвинета дека малтретирала деветмесечно бебе наместо да го чува, пред судот рекла дека не се чувствува воновна, а нејзиниот адвокат бара преквалификација на делото.
Јавноста беше исклучена на почетокот на судењето, а обвинетата дадилка со рацете си го покри ликот додека медиумите ја снимаа и фотографираа.детали ид судењето соопшти нејзиниот адвокат Ванчо Митев кој имал вовден говор на судењето. Тој бара преквалификација на делото, односно дека детето немало тешки телесни повреди.„Обвинетата сега одговара за запуштање и малтретирање на мелолетно лице со последица тешка телесна повреда. Овде такво нешто нема. Недопустливо е и тоа вештачењето за повредите на детето да го прави општ хирург кој е некомпетентен за тоа. За став 1, минималната казна затвор е една година, а за став 3, пет години, што е голема разлика. На ова судење беа сослушани и родителите на детето“, изјави Митев.Според него, на судењето се разјасниле некои работи и дека случајот не бил баш таков каков што бил прикажан во јавноста. Како што обелодени адвокатот, родителите ја поставиле камерата не затоа што се сомневале за нешто, туку сакале да видат како тече еден работен ден на дадилката, односно дали таа го изнесува детето доволно на воздух.Следното рочиште е закаѓано за на 12 јануари кога треба да бидат сослушани тројца вештаци на обвинителството, и двајца на одбраната. Според обвинителството, родителите на деветмесечното бебе ја ангажирале жената за да го чува нивното бебе, но се посомневале дека го малтретира нивниот син кога забележале модринки по неговото тело.Бебето кое пет месеци го малтретирала дадилката која била ангажирана да го чува, било нервозно, невесело, врескало навечер, а неговиот татко ја начекал дадилката и како го удира по лицето.На 20 август таткото ненајавено влегол во домот во Скопје и ја забележал шеесет и едногодишната дадилка како со рака го удира по лицето. Но не изреагирал, мислејќи дека се работи за негов превид.Наредните денови поставил видео камера во својот дом со цел да го заштити своето дете и да утврди како за него се грижи дадилкaта.На видео снимката, којашто е објавена и во јавност, се гледа како дадилката го малтретира и тепа детето, му вика, го навредува, го штипи за рачето, го треска во релаксаторот и во раце, го тегне за уши.Тетката на бебето на социјалната мрежа Facebook објави видео од скриена камера што ја поставил таткото на бебето, на кое се гледа како дадилката наместо да го чува, го малтретира бебето./крај/мф/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Гостиварец пронашол експлозивни направи под карпа покрај река
Во ОВР Гостивар вчера во 16:20 часот В.В. од Гостивар пријави дека на потегот помеѓу с. Трново и с. Железна Река, под карпа покрај реката, пронашол четири експлозивни направи.
Стручна екипа од МВР ги подигнала четирите гранати од кинеско производство за понатамошно вештачење и расчистување на случајот.
Црна хроника
Со автобус удрил во кабина на Граничниот премин Долно Блаце
Синоќа во 23:55 часот во СВР Скопје е пријавено дека на Граничниот премин Долно Блаце, на излез од државата, И.Ф.(40) од Р.Косово, управувајќи автобус со косовски национални ознаки, удрил во кабина.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје, при што на И.Ф. не му е дозволен излез од државата, односно му биле одземени документите за понатамошна постапка, информира МВР.
Црна хроника
14-годишник управувајќи четирицикл излетал од патот во Кичевско
Вчера во 16:30 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на локалниот пат с.Зајас- Теќе маало, 14-годишник од с.Горно Строгомиште, кичевско, управувајќи четирицикл со кичевски регистарски ознаки, излетал надвор од коловозот.
Во несреќата со повреди се здобил возачот и неговиот 14-годишен сопатник од с.Зајас, кичевско, констатирани во Медицинскиот центар Кичево и Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Кичево, а по наредба на јавен обвинител, четирициклот е одземен, соопшти полицијата.

