Црна хроника
Дадилката осудена на една година и два месеца
Дадилката која беше обвинета за малтретирање на деветмесечно дете е осудена на казна затвор во траење од една година и два месеца.
Судењето против дадилката беше затворено за јавност и медиумите немаа можност да ја слушнат пресудата, туку беше соопштена од Основниот суд Скопје 1. Нејзиниот адвокат по првото рочиште изјави дека дадилката се изјаснила дека не се чувствува виновна и побара преквалификација на делото и тврдеше дека бебето немало тешки телесни повреди.Според обвинителството, родителите на деветмесечното бебе ја ангажирале жената за да го чува нивното бебе, но се посомневале дека го малтретира нивниот син кога забележале модринки по неговото тело.Бебето кое го малтретирала дадилката која била ангажирана да го чува, било нервозно, невесело, врескало навечер, а неговиот татко ја начекал дадилката и како го удира по лицето.На 20 август таткото ненајавено влегол во домот во Скопје и ја забележал шеесет и едногодишната дадилка како со рака го удира по лицето. Но не изреагирал, мислејќи дека се работи за негов превид.Наредните денови поставил видео камера во својот дом со цел да го заштити своето дете и да утврди како за него се грижи дадилкaта.На видео снимката, којашто е објавена и во јавност, се гледа како дадилката го малтретира и тепа детето, му вика, го навредува, го штипи за рачето, го треска во релаксаторот и во раце, го тегне за уши.Тетката на бебето на социјалната мрежа Facebook објави видео од скриена камера што ја поставил таткото на бебето, на кое се гледа како дадилката наместо да го чува, го малтретира бебето./крај/мф/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Приведен 15-годишник во делчевско по пријава за обљуба врз малолетничка
На 28 февруари 2026 година во 14:30 часот во делчевско, полициски службеници од ОВР Делчево лишиле од слобода 15-годишник, постапувајќи по претходна пријава од 17-годишна малолетничка.
Според пријавата, откако претходно се договориле да се сретнат, тој извршил обљуба врз неа.
За настанот бил известен јавен обвинител, како и Центарот за социјална работа, а известен бил и родител на малолетникот. Надлежните институции преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.
Црна хроника
Пронајдена граната од Првата светска војна во битолско село
На 28 февруари 2026 година во 09:40 часот во СВР Битола, П.С. од село Добромири, битолско, пријавил дека во дворното место пронашол стара граната.
По пријавата, на местото излегол пиротехничар од Дирекција за заштита и спасување, кој безбедно ја подигнал гранатата. При извршената проверка било утврдено дека станува збор за минофрлачка граната од 75 милиметри, која потекнува од Првата светска војна.
Надлежните апелираат до граѓаните доколку пронајдат сомнителни експлозивни направи веднаш да ги пријават во полиција и да не ги допираат.
Црна хроника
Тешко повреден 17-годишен мотоциклист во сообраќајка во Битола
На 28 февруари 2026 година во 14:42 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосницата меѓу улиците „Македонски Гемиџии“ и „Индустриска“ во Битола се случила сообраќајна несреќа меѓу товарно возило мерцедес со битолски регистарски ознаки и мотоцикл лонгиа, исто така со битолски ознаки.
Товарното возило го управувал З.В. (42) од Битола, додека мотоциклот го управувал 17-годишник од Битола.
Во несреќата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Битола.

