Црна хроника
Даравелски нема да биде екстрадиран во Македонија, Србија се премислила
Српското министерство за правда го повлекло решението за екстрадиција на поранешниот директор на Царинската управа, Драган Даравелски, кој беше уапсен во Србија, изјави Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.
„Вчера бевме известени дека барањето е прифатено, дека има решение и дека Даравелски ќе биде екстрадиран. Подоцна дојде информацијата дека српското министерство за правда го повлекло решението за екстрадиција“, рече Спасовски.Тој појасни дека екстрадицијата се прави врз основа на барање од страна на Интерпол, односно преку Министерството за правда на Србија.Одговарајќи на новинарско прашање за случајот со личните карти, Спасовски рече дека Специјалното јавно обвинителство ја отвори истрагата „Титаник“ и во рамки на таа истрага, се спроведуваат сите можни активности./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Опожарено патничко возило во Батинци, нема повредени
Ноќеска околу 01:05 часот во село Батинци, скопско, било опожарено патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Б.Б. од Батинци.
Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а при инцидентот нема повредени лица. Извршен е увид, а надлежните преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Дете тепало дете во основно училиште во Драчево
Во СВР Скопје вчера (22.11.2025) во 21:40 часот, А.А. (43) од Скопје пријавил дека на 21.11.2025 околу 09:45 часот, во основно училиште во населбата Драчево неговиот малолетен син бил физички нападнат од соученик.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Сопругата го пријавила дека ја тепал, па потоа тој ја пријавил неа
Во СВР Скопје вчера (22.11.2025) во 13:00 часот, 35-годишна жена од Скопје пријавила дека во семејниот дом на подрачјето на Кисела Вода, по претходна расправија, била физички нападната од нејзиниот 45-годишен сопруг, кој ѝ го одзел и мобилниот телефон.
Подоцна, околу 20:30 часот, 45-годишниот маж од Скопје исто така пријавил дека бил физички нападнат од неговата сопруга, и тоа во истиот временски период – околу 13 часот.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

