Црна хроника
Десет деца повредени во сообраќајка во гостиварско

Десет деца и три возрасни лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случи во понеделник околу 12 часот и 40 минути на локалниот пат за гостиварското село Падалиште.
Од СВР Тетово информираат дека до несреќата дошло откако патничкото комбе „форд турнео“ излетало од коловозот.„Од излетувањето на возилото, кое потоа се превртело на покрив, вкупно 13 лица здобиле различни видови телесни повреди. Едно 10-годишно девојче веднаш е префрлено на скопските клиники, додека другите 12 лица, од кои девет деца на возраст до 10 години, возачот 47-годишниот К.М. и две женски лица на возраст од 42 и 72 години, моментно се во гостиварската болница каде им се вршат потребните лекарски прегледи, по што ќе бидат задржани или пуштени на домашно лекување“, соопштуваат од СВР Тетово.Полицијата наскоро ќе започне увид на местото на несреќата./крај/мф/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Возило удри во мопед во Скопје: повредени возачот на мопедот и негов сопатник

Вчера околу 18.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Народни херои“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сеат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.П.(34) од Скопје и мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од И.Д.(22) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил И.Д., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, додека со телесни повреди се здобил неговиот сопатник М.Ф.(22) од Скопје, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на СВР Скопје.
Црна хроника
Тетовец уплатил пари за да купи работна машина: останал и без пари и без машина

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.М.(26) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,измама“.
На 25.05.2024, едно лице од Тетово стапило во контакт со пријавениот преку социјална мрежа и се договориле да купи работна машина, при што парите му ги уплатил на трансакциска сметка во банка, на едно лице, за која пријавениот тврдел дека е негова сопруга.
Откако парите биле уплатени, оштетениот не успеал да стапи во контакт со пријавениот.
Црна хроника
Прегазена жена во Тетово

Вчера во 13.10 часот во СВР Тетово било пријавено дека на крстосница од улица „Благоја Тоска“ со улица „Киро Ристовски Дрнц“ во Тетово, товарно возило „пежо“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Б.С.(20) од с.Мала Речица, тетовско, удрило во пешакот Ф.Д.(43) од Тетово.
Во несреќата со тешки повреди се здобила Ф.Д., констатирани во Клиничка болница Тетово.
Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Тетово.