Црна хроника
Дете тешко повредено во сообраќајка, го удрило „мерцедес“ додека трчало по топка

Момче на возраст од 14 години е тешко повредено, откако во него удрил автомобил „мерцедес“, додека трчал по топка.
Несреќата се случила во средата попладне околу 17 часот на регионалниот пат Куманово-Свети Николе, во населбата Иго Тричковиќ. Момчето било пренесено во кумановската болница, но поради тешките повреди е упатено во Ургентниот центар.„Примено е дете на 12-13 години со повреди здобиени од удар на моторно возило. Детето се здобило со тешки телесни повреди. Има тешка повреда на главата, на двете потколеници и на градниот кош. По укажаната помош, со медицинска придружба и лекар тоа е префрлено на една од скопските клиники“, изјави за медиумите, доктор Борче Божиновски, дежурен хирург од Општата болница Куманово.„Мерцедесот“ бил со кумановски регистарски таблици, а го управувала триесет и седумгодишната Г.С. Полицијата и јавен обвинител извршиле увид и се утврдуваат причините за несреќата./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Масовна тепачка во Трубарево: полицијата приведе седум лица

Вчера во 20:35 часот во село Трубарево, скопско, полициски службеници од СВР Скопје ги привеле Џ.Ј.(32), А.Р.(39), А.Р.(36), Ш.Р.(39), Р.С.(35), Е.И.(27) и еден малолетник, сите од Скопје, затоа што А.Р.(39), А.Р.(36) и Џ.Ј. физички ги нападнале Д.Т.(47) и неговите две малолетни деца, при што употребиле тврди предмети, а потоа заедно со останатите лица агресивно се однесувале кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Пожар во куќа во изградба во Скопје: нема повредени

Вчера околу 16:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Хо Ши Мин“ настанал пожар во куќа во изградба, сопственост на 55-годишниот М.Ц. од Скопје.
Од пожарот била опожарена фасада од куќата, а екипа од Бригадата за противпожарна заштита Скопје го изгаснала пожарот.
Повредени лица нема. Бил извршен увид.
Црна хроника
Скопјанец се повредил додека работел во приватна фирма во Визбегово: пренесен е во болница

Вчера околу 09:45 часот во СВР Скопје, од приватна болница во Скопје било пријавено дека кај нив со повреди бил донесен 57-годишниот И.М. од Скопје.
Според пријавеното, тој со повредите се здобил додека извршувал работни задачи во приватна фирма во село Визбегово, скопско.
Известен бил трудов инспектор, а полициски службеници излегле на местото на настанот.