Црна хроника
Детето од Хиподром оперирано и стабилно, мајката во тешка состојба
Детето кое во понеделник неговата мајка го фрли од четвртиот кат од зграда во Хиподром е во стабилна состојба, а мајката која подоцна се фрли се наоѓа сè уште во тешка состојба, информираат за Макфакс од Ургентниот центар.
„Во текот на ноќта на детето му беше извршена операција на главчето и се наоѓа во стабилна состојба. Мајката продолжува со интензивно лекување и третман на КАРИЛ. Сè уште е во тешка состојба и треба мирување. Се надеваме на успех, но сè уште е рано да се каже“, велат од Ургентниот центар.Во понеделникот утрото по семејна расправија, мајката го фрли својот шестгодишен син од тераса од четврти кат од семејниот дом, од зграда во скопската населба Хиподром, а потоа и самата се фрли.Детето доле го дочекале и го фатиле неговиот татко и соседите, но при падот удрил во метална шипка од подолните катови. По повеќе од половина час преговарање, се фрлила и мајката. Засега нема официјални информации што точно се случувало во домот и во каква психичка состојба била мајката./крај/ффс
Извор: Фото: Утрински весник
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Мајка од Велес ги оставила петте малолетни деца сами и заминала за Скопје
Полициски службеници од полициската станица „Ѓорче Петров“ синоќа во 2:05 часот по полноќ лишиле од слобода 36-годишна велешанка. Претходно во СВР Велес било пријавено дека таа во домот ги оставила нејзините пет малолетни деца и заминала во Скопје.
Како што денеска информираат од СВР Велес, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Приведен 21-годишен охриѓанец, нападнал полицаец
Вчера во 00:10 часот, во угостителски објект лоциран на улицата „Св. Климент Охридски“ во Охрид, приведен е лице на (21) од Охрид, кој претходно бил агресивен кон полициските службеници кои преземале службени дејствија.
По целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Угинато куче со пена на уста најдено на улица во Кавадарци, ќе постапува обвинител
Угинато куче било пронајдено доцна синоќа на улица во Кавадарци, по насока на јавен обвинител телото било однесено на обдукција, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.
– Синоќа во 22:15 часот во ОВР – Кавадарци, од Здружението за заштита на животни било пријавено дека на улица „Димката Ангелов – Габерот“ во Кавадарци има мртво куче со пена на устата. По насока на јавен обвинител, телото на кучето било подигнато од ветеринарен лекар и однесено во ветеринарна станица за вршење обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, соопштија од СВР – Велес.

