Црна хроника
Директор на охридско јавно претпријатие ги оштетил вработените за над 4.200 евра
Поранешен директор на јавно рпепријатие од Охрид е осомничен дека на вработените по разни основи им задржувал дел од платите при што ги оштетил за над 4.200 евра.
СВР Охрид во четвртокот соопшти дека поднела кривична пријава против В.Ц. (51) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „Злоупотреба на службена положба и овластување “.
Во периодот од септември 2012 до април 2013 година, пријавениот во својство на одговорно лице-директор на ЈП„Нискоградба“-Охрид, искористувајќи ја својата службена положба, свесно извршил пречекорување на границите на службените овластувања и спротивно на законски, правен или друг основ им наложил на одговорните во финансиско-сметководствениот сектор на ова претпријатие, средствата кои на деведесет и осум вработени по разни основи им се задржувале од плати во вкупен износ од 260.374,00 денари, да не се уплатат за предвидените намени туку противправно да се присвојат во корист на „Нискоградба“ и со нив да се плаќаат обврските према приватната фирма „КА инжинеринг“ДООЕЛ Охрид.
Со тоа, пријавениот им предизвикал штета на вработените а за јавното претпријатие со кое раководел имотна корист во износ од 260.374,00 денари преку противправно присвојување-стекнување со средства од вработените и нивно неовластено користење за плаќања во корист на приватаната фирма.
За нелегално задржаните плати на работниците, пријавениот не ги известил вработените во ЈП„Нискоградба“ и не добил согласност истите да ги користи за потребите на јавното претпријатие, бидејќи станува збор за средства од работниците а не средства од јавното претпријатие.
Истовремено, во пресметките за месечни плати кои им се давале согласно Колективниот договор, работниците биле известувани дека им се задржани средства за плаќање на обврските кои ги имале создадено, а таквите плаќања за реализација на обврските не им биле реализирани. Со тоа работниците биле доведени во заблуда дека средствата кои им се закинати на плата ке се насочат према дознаката во пресметките на плата. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Три жени пријавиле семејно насилство за 12 часа – приведени осомничени во Кисела Вода, Центар и Чаир
Во текот на изминатото деноноќие, во три одделни случаи на семејно насилство, три жени пријавиле дека биле физички нападнати од нивните партнери на подрачјата на Кисела Вода, Центар и Чаир.
Во првиот случај, пријавен на 12 февруари во 17:50 часот, полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со П.Л. (45) од Скопје, откако било пријавено дека во неговиот дом ја нападнал својата 48-годишна вонбрачна партнерка. Случајот се документира и ќе следува соодветна пријава.
Во вториот случај, на истиот ден во 22:00 часот, на подрачјето на Центар, полицијата го привела Н.Ј. (52) од Скопје, поради сомнение дека околу 17:00 часот физички ја нападнал својата 32-годишна партнерка. По комплетирање на доказите ќе биде поднесена пријава.
Во трет случај, на 13 февруари во 04:40 часот, 35-годишна жена пријавила дека околу 01:40 часот, на подрачјето на Чаир, била физички нападната од нејзиниот партнер Б.С. (24) од Скопје. И за овој настан ќе биде поднесена соодветна пријава по целосна документација.
Од МВР информираат дека сите случаи се обработуваат.
Црна хроника
Пронајдени коски и парче облека во Скопје, полицијата истражува
На локација викана „Сулејманови ливади“ во село Горно Количани, скопско, биле пронајдени коски слични на човечки, а во близина и парче облека.
Случајот бил пријавен во СВР Скопје во текот на вчерашниот ден, по што на местото излегла увидна екипа која извршила преглед.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
Црна хроника
Пешак тешко повреден на Орце Николов, возило удри во 56-годишна жена
На улицата „Орце Николов“ во Скопје, 56-годишната Д.Д. од Скопје била тешко повредена откако во неа удрило патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ. (46) од Скопје.
Несреќата се случила околу 13:00 часот, а повредите на жената биле констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
На местото на настанот извршен е увид од екипа на СВР Скопје.

