Црна хроника
Директори од „ЕМО“ Охрид украле 10.000 евра и лажно пријавиле кражба
Генералниот директор на „ЕМО“ Охрид и директорот на погонот во претпријатието украле од претпријатието околу 10.000 евра и лажно пријавиле кражби.
Против нив е поднесена кривична пријава за лажно пријавување на кривично дело и несовесно работење во службата. Според пријавата на охридската полиција, во текот на декември минатата година со пропуштање на должен надзор или на друг начин несовесно постапувале во вршењето на своите овластувања и должности, со што предизвикале штета на АД“ЕМО“ и се стекнале со против правна имотна корист од 600.000 денари. Минатата година, пак, од филијалата на „ЕМО“ во Крушево примиле 100 килограми месинг кој не го пријавиле во службените евиденции. Месингот потоа го продале во претпријатието за откуп на метални суровини ДООЕЛ „Вибел Експорт“ –Белчиша што исто така сметководствено и записнички не го евидентирале.Кон крајот на минатата година, во СВР Охрид пријавиле кражба на околу 1.500 килограми бакар. Иако директорот на погон знаел дека бакарот е продаден во претпријатието за откуп на метални суровини ДООЕЛ „Вибел Експорт“ –Белчиша, а потоа препродаден на ДООЕЛ “Павор“-Скопје, сепак пријавиле кражба.За извршената продажба на месингот и бакарот, пријавените не составиле записник и не го пријавиле до надлежните служби во „ЕМО“./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Мајка од Велес ги оставила петте малолетни деца сами и заминала за Скопје
Полициски службеници од полициската станица „Ѓорче Петров“ синоќа во 2:05 часот по полноќ лишиле од слобода 36-годишна велешанка. Претходно во СВР Велес било пријавено дека таа во домот ги оставила нејзините пет малолетни деца и заминала во Скопје.
Како што денеска информираат од СВР Велес, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Приведен 21-годишен охриѓанец, нападнал полицаец
Вчера во 00:10 часот, во угостителски објект лоциран на улицата „Св. Климент Охридски“ во Охрид, приведен е лице на (21) од Охрид, кој претходно бил агресивен кон полициските службеници кои преземале службени дејствија.
По целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Угинато куче со пена на уста најдено на улица во Кавадарци, ќе постапува обвинител
Угинато куче било пронајдено доцна синоќа на улица во Кавадарци, по насока на јавен обвинител телото било однесено на обдукција, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.
– Синоќа во 22:15 часот во ОВР – Кавадарци, од Здружението за заштита на животни било пријавено дека на улица „Димката Ангелов – Габерот“ во Кавадарци има мртво куче со пена на устата. По насока на јавен обвинител, телото на кучето било подигнато од ветеринарен лекар и однесено во ветеринарна станица за вршење обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, соопштија од СВР – Велес.

