Црна хроника
Директорот на Здравствен дом Охрид си купувал лап топ, телефони, накит, тренерки од сметката на установата
Директорот на Здравствениот дом Охрид заедно со поранешната раководителка за економски работи и уште еден вработен во домот купувал лап топ компјутер, мобилен телефон, фотоапарат, тренерки, накит од сметката на установата со што го оштетил домот за речиси 10.000 евра.
Во текот на 2013 и 2014 година, директорот М.Д. заедно со второпријавената М.Н., која во тој период била раководител за економски работи, од повеќе фирми во Охрид и од други градови, набавиле техничка роба, лап-топ компјутер, мобилен телефон, фото апарат, во вредност од 208.583 денари, часовници и накит во вредност од 149.050 денари, фотоапарат со оптички зум и мобилни телефони во вредност од 45.890 денари, тренерки и 21 чифт обувки во износ од 133. 792 денари и две влезни врати во вредност од 61.193 денари. На тој начин, двајцата ја оштетиле установата со паричен износ од 598.508 денари или 9.731 евра.Набавените производи не биле евидентирани во сметководствената евиденција, не била изготвена документација за прием, а фактурите од добавувачите биле целосно исплаќани од сметката на ЈЗУ„Здравствен дом“. При извршениот попис во листите, констатирано е дека стоката не е евидентирана и ја нема во просториите. Од извршениот увид во фактурите од фирмите каде се купени производите, утврдено е дека сите фактури се потпишани од директорот кој лично ги подигнувал купените предмети. Од извршените контроли, констатирано било дека фактурите уредно се заведувале во влезната книга во ЈЗУ „Здравствен дом“ со потпис од второ пријавената М.Н. а потоа се чувале заклучени во нејзиното биро. Тука биле пронајдени при извршена финансиска контрола од Фондот за здравствено осигурување.Трето пријавениот Л.Р. како одговорен за возниот парк, несовесно работел, на начин што во период од 27.03.2014 година до 19.06.2015 година, во патните налози за службеното возило впишувал податоци за изминати километри многу поголеми од реалните, не водел уредна евиденција на бројчаната состојба на броилото на возилото кое го управувал и истото, заедно со директорот го користел за приватни потреби. Против директорот и раководителката е поднесена кривична пријава за злоупотреба на службената положба, а против одговорниот за возниот парк е поднесена кривична пријава за несовесно работење во службата./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Залутан куршум заврши во куќа во Долно Лисиче
Вчера во СВР Скопје, Д.А. од село Долно Лисиче, скопско, пријавил дека, додека седел во дворот од куќата, слушнал истрел, а потоа пронашол заталкано зрно од огнено оружје, кое му го оштетило стаклото од балконот.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а зрното било подигнато за понатамошна постапка.
Црна хроника
Измама со крипто валути, кумановец останал без 43.750 евра
Вчера во СВР Велес, 48-годишен кумановец пријавил дека бил измамен за сума од 43.750 евра.
Според пријавеното, тој на социјална мрежа објавил оглас за откупување на крипто валута, а подоцна преку друга социјална мрежа контактирал со лице со кое се договориле во крипто менувачница во Велес да ги уплати парите, а за возврат да му се исплатат крипто средства.
Пријавителот ги предал парите на лице вработено во менувачницата во Велес и му било кажано дека истите се испратени на наведената адреса, но тој на својата адреса не ги примил крипто средствата, а лицето со кое контактирал го избришало разговорот од социјалната мрежа и ги блокирал неговиот број и бројот на менувачницата, по што сфатил дека бил измамен.
Известен бил јавен обвинител и се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
фото/Depositphotos
Топ
Уапсена лихварка од Струмица: дала 2.700 евра, а барала да се вратат 15 илјади евра, фатена кога ја примала каматата
Вчера во 12:00 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица ја лишија од слобода 53-годишната Ј.Т. од Струмица. Според пријавеното, таа во јуни 2025 година на жител на струмичко село му дала пари во износ од 2.700 евра, за кои сега барала да му врати несразмерен износ од 15.000 евра.
Имено, вчера оштетениот остварил средба со Ј.Т. на која требало да ѝ плати 100 евра, сума која ја определила како месечна камата за основниот лихварски долг. Во моментот кога ѝ ја дал банкнотата од 100 евра, која била претходно обележана, Ј.Т. е лишена од слобода.
Притоа, бил извршен преглед кај неа и биле пронајдени обележаната банкнота од 100 евра, тетратка и листови хартија на кои ги нотирала износите на парични средства кои ги давала на лица и износите кои како камата требало да ѝ бидат вратени.
Подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес во нејзиниот дом, при што се пронајдени и одземени пари (денари и евра), нотарски акти, како и тетратки и листови на кои ги евидирала дадени износи на пари, од кои е утврдено дека Ј.Т. досега во повеќе наврати давала пари на лица, а тие требало да ѝ вратат несразмерен износ со кој таа се стекнувала со противправна имотна корист.
Ј.Т. е задржана во Полициската станица Струмица и за случајот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена кривична пријава поради постоење основано сомневање дека сторила кривично дело „лихварство“ по член 260 од Кривичниот законик.

