Црна хроника
Домашен притвор за возачот што прегази девојче

Надлежниот јавен обвинител до судија на претходна постапка поднесе Предлог за определување на мерки за претпазливост по добиената кривична пријава против возачот на камионот кој вчера удри во 11 годишно девојче, во момент кога тоа се обидувало да ја премине улицата.
Обвинителството предложи забрана за напуштање на живеалиштето, односно престојувалиштето, обврска на обвинетиот да се јавува повремено на определено службено лице или кај надлежен државен орган, привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница и забрана за преземање на определени работни активности кои се поврзани со кривичното дело.
Судија на претходна постапка го уважи предлогот на јавниот обвинител и со Решение ги определи предложените мерки за претпазливост.
Возачот се товари за сторено кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот согласно чл.300 ст.4 вв чл.297 ст.3 од Кривичниот законик.
Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Скопје, вчера изврши увид на местото на трагичниот настан. При увидот заради првично утврдување на причините, по наредба на јавниот обвинител на местото на настанот се повикани судски обдуцент и овластен судски вештак за сообраќај. Во исто време, надлежниот јавен обвинител издаде низа наредби – за анализа на крв и урина на учесниците во сообраќајната незгода, за утврдување на биолошки и други механички траги останати на возилото, фотографирање на местоположбата на возилото и жртвата, како и Наредба за вонреден технички преглед на камионот и Наредба за обдукција на починатото лице заради утврдување на причините на смртта.
Несреќата се случи вчера попладне околу 15 часот и 30 минути, на пешачки премин, на раскрсницата меѓу улиците „Адолф Циборовски“, „Ангел Динев“ и „Стефан Филиповиќ“, во скопската населба Хром. Лекарите од брзата помош констатирале смрт на лице место. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Стружанец крадел струја: со посебен уред вршел промени во потрошените киловати

ОВР Струга поднесе кривична пријава против правно лице од Струга и против А.Р.(28) од Струга, сопственик на правниот субјект, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба на електрична енергија, топлинска енергија или природен гас“.
Пријавениот А.Р. , без согласност од надлежен оператор, во просториите на неговиот правен субјект, неовластено поставил посебен уред кој вршел промени во потрошени киловати на електрична енергија, со што се стекнал со протиправна имотна корист.
Црна хроника
Измамена 79-годишна скопјанка: и се јавил лажен лекар од Бугарија, барал пари и злато за операција на ќерка и

Вчера во 17.30 часот во СВР Скопје, 79-годишна жена од Скопје пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 216.949 денари и златен накит.
Според пријавеното, лицето ѝ се јавило телефонски и се претставило како лекар од Република Бугарија, кој работи и во болница во Скопје, и ѝ кажал дека треба да ја оперира нејзината ќерка, која се здобила со повреди во сообраќајна несреќа и требало златни штрафови да се вградат во ногата, а за тоа требало да се плати.
Како што е пријавено, таа ги предала парите и накитот на едно лице на договореното место, а откако се вратила дома и ја видела ќерка си, сфатила дека била измамена.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Професор со метален предмет нападнал ученик во Кочани

СВР Штип поднесе кривична пријава против С.М.(59) од Кочани.
Тој се сомничи за сторени кривични дела „малтретирање во вршење на службата“ и „насилство врз дете“.
Имено, на 06.02.2025 во училница во средно училиште во Кочани, додека одржувал настава, пријавениот физички и со метален предмет нападнал 17-годишен ученик.