Црна хроника
Сообраќајка и кај Кочани-еден загинат, еден тешко повреден

Едно лице загина, а едно е тешко повредено во сообраќајна несреќа што ноќта спроти неделата се случила на локалниот пат Кочани – с.Грдовци.
Несреќата се случила околу 02,00 часот кога од засега непознати причини дошло до излетување од патот на ПМВ со кочански регистарски ознаки управувано од Марин П.(24) од Кочани, а како сопатник во возилото се превезувала Б.А.(18) од с.Грдовци.
При незгодата со тешки телесни повреди се здобиле Марин П. и Б.А. и по укажување на медицинска помош во ЈЗУ „Здравствен дом“ – Кочани и сериозноста на повредите двајцата се префрлени во КЦ – Скопје каде Марин П. на 25.10.2015 година им подлегнал на повредите.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР-Штип. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Младо момче од Делчево пронајдено мртво во када

Дваесет и шестгодишно момче утринава било пронајдено мртво во када во делчевското село Стамер.
Од СВР Штип информираа дека по насока на обвинител неговото тело е предадено на обдукција.
Кај момчето немало траги на насилство.
Црна хроника
При контрола во камион и магацин пронајдена поголема количина прехранбени артикли со изминат рок на траење

Полициски службеници од СВР Куманово вчера го лишиле од слобода А. Б. (43) од село Арачиново, Скопско, затоа што при контрола во возилото „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени околу 200 килограми прехранбени артикли со изминат рок на траење.
Исто така, подоцна била извршена контрола и во магацин на улицата Индустриска во Куманово, сопственост на Б. М. (45) од с. Романовце, Кумановско, од каде што ја зел стоката, при што сопственикот признал дека е негова.
Во магацинот биле пронајдени дополнителни речиси 600 килограми прехранбени артикли со изминат рок на траење и празна амбалажа за пакување на производите.
Пронајдената стока од Агенцијата за храна и ветеринарство е прогласена за небезбеден производ. Со сопственикот на магацинот бил извршен службен разговор во полициска станица, а по целосно расчистување на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
240 казни за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (1.2.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање возила што се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 240 возачи.
Од нив, девет возила се движеле со над 50 километри на час повеќе од дозволената брзина, а две се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 115 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 125 надвор од населено место.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.