Црна хроника
Донесени пресудите за случајот „Ореше“, обвинетите прогласени виновни
Виновни се за убиство, гласи пресудата на Кривичниот судски совет на велешкиот Основен суд изречена во петокот за случајот платено убиство на 72-годишниот. Првоосомничениот, или нарачателот на убиството, Ѓоре Петревски е осуден на казна затвор во времетраење од 13, додека браќата Ордан и Љубчо Георгиевски по 10 години. За адвокатите оваа пресуда е срамна.
„Ако се толку сигурни дека има докази, требаше да биде изречена доживотна казна, нешто што јас го побарав доколку Судскиот совет е убеден дека има кривично дело и дека има докази. Докази нема, апсулутно ниту еден материјален доказ“, рече Звонко Давидовиќ, адвокат на браќата Георгиевски по излегувањето од судницата.
Браќата Георгиевски и денеска во судница тврдеа дека се невини. На синот на покојниот Лазо му порачаа убиецот да го бара меѓу членовите на своето семејството.
„Апелација кажа еве овде пишува дека е беспредметно. Што сакаше да покаже (судијката) Тања Милева, не знам ни самиот“, рече Љупчо Георгиевски, осомничен за убиство.
За случајот платено убиство ова е четврта пресуда. Првите две беа казна затвор од по 12 години за браќата Георгиевски, третата откако заштитниот сведок Златко Арсовски го промени својот исказ, беше ослободителна. Апелација сите пресуди ги враќаше на повторно разгледување.
Пред десет години во сопствената куќа во велешкото село Ореше, со истрел од огнено оружје беше убиен Лазо Милошевски. Според обвинителниот акт, Петревски, кој бил на привремена работа во САД, на браќата Георгиевски им исплатил 20 илјади долари за да го ликвидираат 72-годишниот Лазо, бидејќки пред многу години тој пукал во него го ранил./крај/мф/ди
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стржанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.