Контакт

Црна хроника

Два случаи на економски криминал откриени во Велес

Објавено пред

dobivaj vesti na viber

Секторот за внатрешни работи – Велес, поднесе кривични пријави за два одвоени случаи од областа на економскиот криминал.

 

Во првиот случај, СВР Велес во соработка со надлежното обвинителство поднесе кривична пријава против лицата Т.Л. (1967) од Штип – претседател на Управен одбор на ДУТ „Интернационал“  Велес во периодот од 2000 година до 13.10.2005 година , С.Е. (1973) од Велес – управител на „Велешко Езеро“  ДООЕЛ Велес во периодот 2004 и денес,  З.К. (1957) од Скопје – адвокат, основач и сопственик на „Велешко Езеро“ ДООЕЛ Велес од 2004 година до 2008 година , С.Л. (1963) од Велес – адвокат од 2000 година до 2013 година и основач и сопственик на „Велешко Езеро“ од 2004 година , поради основи на сомнение дека во временскиот период 2004-2005 година сториле кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „оштетување или повластување на доверители“ со што прибавиле значителна имотна корист од 14 100 000,00денари , сума за која ги оштетиле останатите акционери  и доверители на ДУТ „Интернационал“ , меѓу кои и РМ .

 

Првопријавениот во 2004 година во својство на претседател на Управен одбор на ДУТ „Интернационал“ постапувајќи спротивно  на чл. 361 и 354 од Закон за трговски друштва како и чл.51 ст.8 и ст.9  од Закон за стечај,  иако знаел дека друштвото е несолвентно, и сметката е блокирана повеќе од 45 дена, со второпријавениот кој е управител на „Велешко Езеро“ ДООЕЛ, и истовремено е и вработен во ДУТ „Интернационал“ склучил штетен договор  за продажба на недвижен имот –деловен простор мотел „На Велешко езеро“ сопственост на ДУТ„Интернационал“ .

 

Потоа, првопријавениот заедно со второпријавениот  со цел противправно да се стекнат со имотна корист и со тоа да се оштетат останатите акционери и доверители , иако договорениот износ не бил исплатен, составувале, односно склучувале фиктивни документи ( договори за плаќање, цесии, асигнации, каси исплати, како и записници за финансиско прамнување) дека  износот според договорот за купопродажба е исплатен .

 

Третопријавениот во својство на адвокат на ДУТ „Интернационал“ , постапувајќи спротивно на чл. 2 ст.3 од Закон за адвокатура, во договор и со помош на  четвртопријавениот -во својство на адвокат на „Велешко Езеро“ ДОО, а истовремено и како сопственици на „Велешко Езеро“ ДОО, кои имаат правен интерес и неспорен судир на интереси,  иако знаеле дека договорениот износ од страна на „Велешко Езеро“ не е исплатен и договорот не е исполнет, овозможиле  „Велешко Езеро“ ДОО да добие правосилна и извршна пресуда со која се признава право на сопственост врз објектот.

 

За вториот кривично правен настан, Секторот за внатрешни работи Велес во соработка со надлежното обвинителство поднесе кривична пријава против лицата Ј.С. (1957) од Велес – извршен директор на АД „Велеспром“  Велес во периодот од 2000 година до 17.01.2013 година, С.Л. (1963) од Велес – адвокат од 2000 година до 2013 година и основач и сопственик на „Велешко Езеро“ од 2004 година , И.Т. (1962) од Велес- член на Одбор на директори на АД „Велеспром“ Велес од 16.01.2003 -17.01.2013 година, сопственик/управител на „Тедико“ Илија ДООЕЛ Велес, основач и сопственик на „Велешко Езеро“ од 2004 до 2008 година , Д.Т. (1955) од Велес- член на Одбор на директори на АД „Велеспром“ Велес од 16.01.2003 -17.01.2013 година , Д.Т. (1973) од Велес- член на Одбор на директори на АД „Велеспром“ Велес од 27.10.2006-08.11.2012 година и З.Т. (1961) од Велес- член на Одбор на директори на АД „Велеспром“ Велес од 16.01.2003 -17.01.2013 година , поради основи на сомнение дека сториле кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „оштетување или повластување на доверители“, со што на останатите акционери на АД „Велеспром“ Велес им нанеле значителна штета  од 2 682 762,00 денари.   

 

Првопријавениот, во 2005 година во својство на извршен директор на АД „Велеспром“, искористувајќи ја својата службена положба, без склучен договор, прифатил фиктивни фактури за извршени адвокатски услуги од второпријавениот во вредност од 1 440 000,00 денари, иако знаел дека истите не се извршени , со што му овозможил да се стекне со значителна имотна корист.

 

Второпријавениот, во 2005 година во својство на службено лице – адвокат  искористувајќи ја својата службена положба и овластување постапувал  спротивно на чл.3 и чл.17 од Законот за адвокатура, , иако, во 2005 година го застапувал правното лице „Тедико Маркети“ во спор со АД „Велеспром“.

 

Во 2007  првопријавениот во својство на извршен директор на АД „Велеспром“ Велес, заедно со останатите пријавени во својство на неизвршни членови на Одбор на директори на АД „Велеспром“ Велес, постапувале спротивно на чл. 361,  и чл.354 ст.2 и ст.3 од Закон за трговски друштва, како и спротивно на чл.51 ст.8 и ст.9  од Законот за стечај.

 

Истовремено, пријавените како членови на Одборот на директори на АД „Велеспром“, спротивно на  чл 349 и 460 од Закон за трговски друштва ,  постапиле на начин што   во услови кога друштвото е несолвентно, и сметката е блокирана повеќе од 45 дена, без одлука од надлежен орган и без склучен договор прифатиле  фиктивни фактури за адвокатски паушал, за извршени адвокатски услуги од второпријавениот адвокат – член на одборот на директори на АД „Велеспром“ , во вредност од 960 000,00 денари, иако знаеле дека тоа преставува зделка со заинтересирана страна . Со тие пари, всушност е платен долг на „Велешко езеро“ кој АД „Велеспром“ го превзел, без претходно донесена одлука на Управен одбор. /крај/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника

Со џип му го пресекол патот и му се заканувал со пиштол: драма во Скопско

Објавено пред

На 29.01.2026 околу 15:00 часот во СВР Скопје, Н.М.(43) од с. Долно Свиларе, скопско, пријавил дека околу 11:15 часот во с.Долно Свиларе, додека се движел со патничко возило, му бил пресечен патот од возило „џип“, управувано од Р.Н..

dobivaj vesti na viber

Тој излегол од возилото и му се заканувал со пиштол на пријавителот.

Полицијата информира дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Со остар предмет им се заканувал на снаата и синот па искршил дел од покуќнината

Објавено пред

Утрово во 03:50 часот полициски службеници од СВР Скопје извршија службен разговор со Б.Ш.(65) од Скопје.

dobivaj vesti na viber

ПОлицијата постапила по претходна пријава од неговата 58-годишна снаа дека на 29.01.2026 околу 22:00 часот во семејниот дом во Скопје, тој по претходна вербална расправија, со остар предмет упатил закани кон неа и нејзиниот 30-годишен син, а потоа искршил дел од покуќнината.

По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок, информираат надлежните.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Изнајмил возило на три дена, платил само за првиот и не му го вратил автомобилот: кривична за стружанец

Објавено пред

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Ф.К.(38) од струшкото село Делогожда.

dobivaj vesti na viber

Тој се сомничи за сторено кривично дело „затајување“.

Делото го сторил на 28.12.2025 година кога од Е.Џ. од Струга, изнајмил патничко моторно возило за времетраење од три дена, му извршил уплата само за првиот ден и возилото не му го вратил.

Со тоа, пријавениот го оштетил Е.Џ. за сума од 240.000 денари.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија31 минута

Мицкоски: Обезбедени се средства за набавка на 150 електрични автобуси за Скопје и општините

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа каков е планот за набавка на најавените нови...

Македонија1 час

ССМ следната недела ќе го блокира Собранието: Пратениците ќе мораат на работа пеш и без патни трошоци, ќе ги удриме по џебот како тие нас

Прва институција која ќе ја блокираат работниците како продолжение на протестот за 600 евра минимална плата и зголемување од 100...

Свет3 часа

Кремљ: Путин се согласи на привремен прекин на огнот

Кремљ соопшти дека рускиот претседател, Владимир Путин, се согласил да ги запре нападите врз украинските градови до 1 февруари. Портпаролот...

Македонија4 часа

Левица: ДПМНЕ со 2,2 милиони денари ја почестиле фирмата на синот на антикорупционерката Ристовска

Само во 2024 година, во рамки на изборната кампања за претседателските избори, една од фирмите на синовите на Цвета Ристовска...

Македонија4 часа

Утре посебен сообраќаен режим во Скопје поради протестниот марш „Стоп за Цементара“

Утре, со почеток во 12:00 часот ќе се одржи протестен марш „Стоп за Цементара“ со траса на движење од пред...

Македонија4 часа

Изгласана Резолуцијата за затворање на постмониторинг дијалогот со Македонија: „Ова е потврда за напредокот на државата“

Во текот на јануарската сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа, на која учествуваат пратениците Иванка Василевска, Беким Ќоку...

Свет4 часа

Мишел го критикува Руте: Престани да бидеш американски агент и обедини го НАТО

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, треба да престане да биде „американски агент“ и да го обедини расцепканиот воен сојуз...

Топ6 часа

Кривична пријава за „проневера во службата“ против претседател на ловечко друштво од Струмица

СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против 41-годишниот Д.Р. од Струмица, поради постоење на основи на...

Свет7 часа

Стармер ја посети Кина, односите меѓу двете земји се зајакнуваат; Трамп: Она што го прават е многу опасно

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е „многу опасно“ за Велика Британија да соработува со Кина, додека британскиот премиер Кир...

Свет8 часа

САД се закануваат со царини за увозниците на нафта за Куба: „Очекувам Куба наскоро да пропадне“

Американскиот претседател Доналд Трамп се закани со нови царини за земјите што испорачуваат нафта на Куба, засилувајќи го притисокот врз...

Свет8 часа

Нова анкета: Довербата во Трамп опадна, поддршката губи и кај републиканците

Една година по неговиот втор мандат, ставовите на Американците за претседателот Доналд Трамп, кои и претходно беа повеќе негативни отколку...

Македонија9 часа

Голем одрон кај село Ратево, магла на патниот правец Тетово – Гостивар

На патниот правец Р-1302 Берово – Струмица (кај село Ратево) поради поголем одрон сообраќајот се одвива по направена девијација во...

Европа9 часа

(Видео) Русите се предадоа на украински вооружен робот

Додека руската инвазија на Украина влегува во својата четврта година, далечински управуваните копнени роботи стануваат вообичаена глетка на бојното поле....

Македонија22 часа

Мицкоски: Ако заѕиданите пари биле од продажба на нива, што би барале во ѕидот?

Којзнае колку илјадници евра биле заѕидани, изедени и потрошени, ова е последица на антиуставниот имплант СЈО, вели премиерот Христијан Мицкоски....

Македонија23 часа

Грипот стивнува, намалени бројките на новозаболени, но остануваат препораките за маска во простории со многу лица

Институтот за јавно здравје и оваа недела пријави помал број новозаболени од грип и заболувања слични на грип. Директорката Марија...

Македонија1 ден

Брисел ги прифати барањата, возачите се признаени како професионалци, го решаваме проблемот со превозниците, објави Николоски

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски соопшти дека од Брисел пристигнале, како што вели, „одлични вести“ во...

Македонија1 ден

(Видео) Филипче: Техничката влада мора да остане, не се созреани условите за укинување

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче истакна дека техничката влада мора да остане затоа што не се созреани условите за нејзино...

Македонија1 ден

Бислимоски и РКЕ очекуваат расчистување на случајот со „Тритерол Петрол“: Постапено е согласно закон

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) и претседателот Марко Бислимоски се отворени...

Топ1 ден

Мицкоски: Нема да има уставни измени без загарантираните права на Македонците во Бугарија и без гаранции дека нема да се соочуваме со блокади од субјективни причини

На денешната собраниска седница за пратенички прашања премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на пратеничко прашање на пратеникот Скендер Реџепи околу уставните...

Македонија1 ден

Силувале 13-годишно девојче, ја удирале и навредувале: осомничени четири лица од Неготинско

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци донесе Наредба за спроведување истражна постапка против четири лица за кои постои основано...