Црна хроника
Двајца бугарски државјани фатени при џебна кражба во Скопје
Против двајца бугарски државјани од страна на скопсиот суд изречена е мерка, една година казна затвор за три години условно и протерување на странски државјани во траење од пет години.
Пријавените Н.И.И. и И.Н.К. со намера да за себе да прибават противправна имотна корист на ден 13.08.2014 година околу 12,00 часот дошле во Скопје поточно во централното градско подрачје со цел да вршат џебни кражби, при што причиниле матријална штета од 500 денари а се стекнале со противправна имотна корист од 150 денари.
Згодната прилика им се укажала околу 15,00 часот во непосредна близина на Бит Пазар, при што искористувајќи ја гужвата на една од тезгите додека оштетената пазарела, И.Н.К. се турнала во неа, а Н.И.И. искористувајќи ја створената гужва и нејзиното невнимание, најпрво успеал да ја откопча ташната која ја носела на рамо и со протнување на раката го украл паричникот во кој имало 150 денари, една слободна месечна карта од ЈСП, една лична карта и една дебитна картица.
Бидејќи, пријавените биле забележани од инспектори од Отсекот за џепни кражби при СВР-Скопје, непосредно по извршувањето на кражбата истите биле легитимирани и кај нив е пронајден украдениот паричник по што се лишени од слобода и приведени./крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Три жени пријавиле семејно насилство за 12 часа – приведени осомничени во Кисела Вода, Центар и Чаир
Во текот на изминатото деноноќие, во три одделни случаи на семејно насилство, три жени пријавиле дека биле физички нападнати од нивните партнери на подрачјата на Кисела Вода, Центар и Чаир.
Во првиот случај, пријавен на 12 февруари во 17:50 часот, полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со П.Л. (45) од Скопје, откако било пријавено дека во неговиот дом ја нападнал својата 48-годишна вонбрачна партнерка. Случајот се документира и ќе следува соодветна пријава.
Во вториот случај, на истиот ден во 22:00 часот, на подрачјето на Центар, полицијата го привела Н.Ј. (52) од Скопје, поради сомнение дека околу 17:00 часот физички ја нападнал својата 32-годишна партнерка. По комплетирање на доказите ќе биде поднесена пријава.
Во трет случај, на 13 февруари во 04:40 часот, 35-годишна жена пријавила дека околу 01:40 часот, на подрачјето на Чаир, била физички нападната од нејзиниот партнер Б.С. (24) од Скопје. И за овој настан ќе биде поднесена соодветна пријава по целосна документација.
Од МВР информираат дека сите случаи се обработуваат.
Црна хроника
Пронајдени коски и парче облека во Скопје, полицијата истражува
На локација викана „Сулејманови ливади“ во село Горно Количани, скопско, биле пронајдени коски слични на човечки, а во близина и парче облека.
Случајот бил пријавен во СВР Скопје во текот на вчерашниот ден, по што на местото излегла увидна екипа која извршила преглед.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
Црна хроника
Пешак тешко повреден на Орце Николов, возило удри во 56-годишна жена
На улицата „Орце Николов“ во Скопје, 56-годишната Д.Д. од Скопје била тешко повредена откако во неа удрило патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ. (46) од Скопје.
Несреќата се случила околу 13:00 часот, а повредите на жената биле констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
На местото на настанот извршен е увид од екипа на СВР Скопје.

