Црна хроника
Двајца малолетници нападнати и ограбени во Скопје
Двајца малолетници во текот на вчерашниот ден биле нападнати и ограбени во два одделни инциденти во Скопје.
Првиот инцидент се случил во вторникот околу 13.50 часот на улицата „Томе Тошиќ“ во Скопје. Три непознати лица напaднале седумнаесетгодишен малолетник, го удриле со тврд премет по главата, му украле школски ранец во којшто ималo спортска опрема и 150 евра. Другиот инцидент се случил во вторникот вечерта околу 19.25 часот на улица „Атанас Митрев“ во близина на Транспортиниот центар. Три непознати лица нападнале шеснаесетгодишен малолентник, го удриле во главата и почнале да му се закануваат со нож. Му украле сребрено синџирче, вредно 12.000 денари и избегале.Полицијата презема мерки за расчистувае на случаите./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стржанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.