Црна хроника
Двајца приведени за убиството во Куманово

Две лица, осомничени за убиството што се случи во четвртокот попладне околу 15.30 часот, се приведени во кумановската полиција.
Во полицијата повикани биле и повеќе други лица на информативен разговор. Според неофицијални информации, меѓу приведените е и В.Д. претседателот на разгранокот на ДУИ во Куманово, Бајрам Лимани, кој е осомничен за пукањето. Тој во четвртокот вечерта се јави во телевизијата Алсат – М и рече дека убиството се случило во самоодбрана.Според официјалните информации од полицијата , инцидентот се случил во кафулето „Шпија јон“, во кумановската населба Бедиње. Две групи почнале да се расправаат, а потоа и да се тепаат. Во еден момент било пукано со огнено оружје, при што на лице место загина Џемаил Реџепи, викан командант Шипоња, кандидат за претседател на огранок на ДУИ во Куманово. Во инцидентот со тешки повреди се здоби Шефки Реџепи, брат на Реџеп Реџепи кај кого беше најдено дел од одземеното оружје од караулата Гошинце. Трет повреден е Гани Демири кој заедно со Реџепи е префрлен во Ургентниот центар во Скопје.Полицијата работи на расветлување на убиството и откривање на причините за пукањето. Владејачката ДУИ ги повика институциите да го расветлат инцидентот што побрзо./крај/ффс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.