Црна хроника
Двајца прободени со нож, еден со повреда во главата во тепачка пред „Расадник“
Две лица се прободени со нож, а едно лице е повредено во главата во тепачка што се случила синоќа во 3.15 часот пред спортската сала „Расадник“ во скопската населба Кисела Вода, соопшти МВР.
Момчињата почнале да се расправаат, а потоа и да се тепаат, од една страна дваесет и петгодишно момче, а од друга страна три други момчиња една година постари. Дваесет и петгодишното момче извадило нож и прободело две момчиња во градниот кош. Повредените се пренесени во Градска општа болница „Св. Наум Охридски“ и се задржани за понатамошно лекување, додека на прободувачот му е укажана лекарска помош во Ургентен центар Скопје каде му е констатирана телесна повреда во пределот на главата. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот по што ќе биде поднесен соодветен поднесок. /крај/мвр/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Комбе удри пешак во Скопје, со тешки повреди е пренесен во болница
Вчера околу 14:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје, товарно возило „фолксваген кеди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(21) од Скопје, удрило во пешакот З.С.(56) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Старица паднала од автобус, па била прегазена
Вчера околу 12:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, автобус „мерцедес“, управуван од В.А.(56) од Скопје, ја прегазил преку нога 72-годишната А.Б. од Скопје, откако претходно паднала од автобусот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.Б., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Топ
Во Белград уапсен Саит Саитов, кој прегази жена во Капиштец и избега
Министерството за внатрешни работи извести дека вчера биле информирани од надлежните служви во Србија дека во Белград е лишен од слобода Саит Саитов од Скопје, кој се бара со меѓународна потерница, распишана од македонското МВР, под сомнение за извршени тешки кривични дела „против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ и „неукажување на помош на лице повредено во сообраќајна незгода“, за кривично-правен настан кој се случи во Скопје на 09.01.2026.
На Саитов му е одреден екстрадициски притвор и следува постапка помеѓу министерствата за правда на двете држави, со цел негово екстрадирање во Македонија и изведување пред лицето на правдата и негово соодветно санкционирање.

