Црна хроника
Двајца ранети со нож во тепачка во слаткарница во Мала Речица
Две лица биле ранети со ноже во тепачка во локална слаткарница во Мала Речица, по тепачка во која биле вмешани четири лица од една страна против едно лице од друга страна.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Х.Е.(27), Г.З.(27) и двајцата од Тетово, Л.А.(24) и Љ.А.(22) и двајцата од село Мала Речица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“ и против З.Ј.(40) од село Мала Речица поради постоење основи на сомнени за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“.
Инцидентот се случил пре днеколку дена во селото Мала Речица-тетовско на ул.Љуботенска во слаткарница најпрво настанала вербална расправија, а потоа и тепачка помеѓу четворицата пријавени од една страна и петто пријавениот од друга страна, во која од остар предмет со убодни рани во пределот на грбот се здобил З.Ј., а додека Л.А. се здобил со две убодни рани во пределот на нозете.
Поради сериозноста на повредите З.Ј. бил примен во Клиничката болница Тетово каде му била укажана лекарска помош. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Комбе удри пешак во Скопје, со тешки повреди е пренесен во болница
Вчера околу 14:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје, товарно возило „фолксваген кеди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(21) од Скопје, удрило во пешакот З.С.(56) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Старица паднала од автобус, па била прегазена
Вчера околу 12:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, автобус „мерцедес“, управуван од В.А.(56) од Скопје, ја прегазил преку нога 72-годишната А.Б. од Скопје, откако претходно паднала од автобусот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.Б., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Топ
Во Белград уапсен Саит Саитов, кој прегази жена во Капиштец и избега
Министерството за внатрешни работи извести дека вчера биле информирани од надлежните служви во Србија дека во Белград е лишен од слобода Саит Саитов од Скопје, кој се бара со меѓународна потерница, распишана од македонското МВР, под сомнение за извршени тешки кривични дела „против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ и „неукажување на помош на лице повредено во сообраќајна незгода“, за кривично-правен настан кој се случи во Скопје на 09.01.2026.
На Саитов му е одреден екстрадициски притвор и следува постапка помеѓу министерствата за правда на двете држави, со цел негово екстрадирање во Македонија и изведување пред лицето на правдата и негово соодветно санкционирање.

