Црна хроника
Двајца скопјани смртно настрадани при работа
Двајца мажи од Скопје во средата ги загубија животите во две одделни несреќи кои се случиле додека извршувале работи, информираше во четвртокот министерството за внатрешни работи.
Во првиот случај, кој се случил околу 11,00 часот, во кругот на индустриската зона „Бунарџик“ во фабриката за производство на кондензатори „Кемет Електроник Македонија“ при обид да се отстрани дефект од работна машина којашто паднала врз 26-годишниот Даниел Т. од Скопје кој починал на лице место.
Неколку часа подоцна, односно околу 13,30 часот, исто така, во средата на улицата .„св. Кирил и Методиј“ 44-годишниот Сашо С. од Скопје заедно со уште две лица вработени во фирмата „АДЦ Дооел“ при поставување ново мерно разводно орманче починал од струен удар.
Службеници на СВР Скопје извршиле увид на местото на несреќите, а по наредба на јавен обвинител телата на починатите се предадени во Институтот за судска медицина за обдукција./крај/мф/ффс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Мајка од Велес ги оставила петте малолетни деца сами и заминала за Скопје
Полициски службеници од полициската станица „Ѓорче Петров“ синоќа во 2:05 часот по полноќ лишиле од слобода 36-годишна велешанка. Претходно во СВР Велес било пријавено дека таа во домот ги оставила нејзините пет малолетни деца и заминала во Скопје.
Како што денеска информираат од СВР Велес, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Приведен 21-годишен охриѓанец, нападнал полицаец
Вчера во 00:10 часот, во угостителски објект лоциран на улицата „Св. Климент Охридски“ во Охрид, приведен е лице на (21) од Охрид, кој претходно бил агресивен кон полициските службеници кои преземале службени дејствија.
По целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Угинато куче со пена на уста најдено на улица во Кавадарци, ќе постапува обвинител
Угинато куче било пронајдено доцна синоќа на улица во Кавадарци, по насока на јавен обвинител телото било однесено на обдукција, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.
– Синоќа во 22:15 часот во ОВР – Кавадарци, од Здружението за заштита на животни било пријавено дека на улица „Димката Ангелов – Габерот“ во Кавадарци има мртво куче со пена на устата. По насока на јавен обвинител, телото на кучето било подигнато од ветеринарен лекар и однесено во ветеринарна станица за вршење обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, соопштија од СВР – Велес.

