Црна хроника
Двајца тешко повредени на автопатот Тетово-Скопје
Две лица, меѓу кои и десетгодишно девојче, се здобија со тешки телесни повреди во сообраќајна незгода на автопатот Тетово-Скопје.
Инцидентот се случил во вторникот во попладневните часови, коха патничко возило
“Голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Х.А. (36) од с.Палатица, излетало надвор од коловозот.
Од незгодата, со тешки телесни повреди се здобиле возачот на Х.А., како и сопатникот, десетгодишно девојче.
Истите со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Клиничка болница-Тетово, од каде по укажаната лекарска помош, биле пренесени во Ургентен центар-Скопје.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Тетово. /крај/мф/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Автомобили се судрија кај Сарај, повредени се четири лица
Вчера на регионалниот пат Скопје –Тетово, атар на село Дворце, општина Сарај, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Љ.(47) од Скопје и патничко возило „Сеат леон“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.Ф.(62) од село Радуша, скопско.
Во несреќата возачот А.Љ се здобилсо тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ Скопје, додека пак со телесни повреди се здобиле – другиот возач Е.Ф. и неговите две сопатнички Ф.Ф.(55) и А.Ф.(27) двете од село Радуша, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
17-годишното момче кое доживеа струен удар е во критична состојба
Вчера во СВР Скопје било пријавено дека во 14.55 часот на железничката пруга на територија на Кисела Вода, 17 – годишник од с.Волково, скопско, кој бил качен на цистерна – вагон, доживеал струен удар, при што цистерната се запалила.
Со возило на Итна помош повредениот бил пренесен во Ургентен центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Како што велат од Ургентниот центар, неговата состојба е критична.
Црна хроника
Автобус на ЈСП прегази маж кај Транспортен
Денеска околу 11.45 часот во СВР Скопје е пријавено дека во Скопје, кај Транспортен центар, автобус на ЈСП удрил во машко лице на возраст од околу 60 години.
Лицето со возило на Итна помош е пренесено во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.