Црна хроника
Двајца загинати во тешка сообраќајна несреќа на патот Струмица-Радовиш

Две лица загина во тешка сообраќајна несреќа што се случи во сабота наутро на магистралниот пат Струмица-Радовиш.
До несреќата дошло кога се судриле камион-ладилник и автомобил „фолксваген пасат“, со штипски регистарски ознаки.Според неофицијални информации, камионот и пасатот директно се судриле, по што од товарното возило излетала средовечна жена која загинала на лице место, додека во „пасатот“ смртно настрадал совозачот.Во несреќата едно лице со потешки повреди било итно префрлено во струмичката болнца додека две поминале со полесни повреди. Истрагата треба да утврди како настанала сообраќајката. /крај/со/ст
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Пожар во стан во Делчево, 16-годишно девојче побарало медицинска помош

Синоќа во 00.19 часот во ОВР Делчево е пријавено дека во Делчево настанал пожар во стан, сопственост на Ф.Д., во кој во моментот немало никој.
Од Територијалната противпожарна единица Делчево, пожарот е изгаснат.
Подоцна, во 02.00 часот во Итната медицинска помош Делчево, 16-годишна малолетничка, која живее во истата зграда, побарала помош поради отежнато дишење. Извршен е увид.
Црна хроника
Тепачка на „Партизанска“ – малолетник избоден со остар предмет

Малолетник бил избоден со остар предмет на „Партизанска“ во Скопје.
Според информациите на МВР, СВР Скопје поднесе кривична пријава против 16-годишник од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“.
На 02.06.2025 на бул. „Партизански oдреди“ во Скопје, пријавениот, по претходна расправија, со остар предмет му нанел убодни рани на 17-годишник.
Црна хроника
Кривична за охриѓанец: при претрес пронајдено оружје во неговата куќа

СВР-Охрид поднесе кривична пријава против А.Д.(27) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи“.
При претрес извршен по судска наредба во неговата куќа во охридското село Сирула, полициските службеници пронајдоа и одзедоа 2 ловни и 1 пневматска пушка кои, пријавениот ги поседувал без соодветна дозвола.
При тоа, одземено е и оружје за кое пријавениот поседувал соодветна дозвола.