Црна хроника
Двајца тешко повредени при судир на камион со автомобил

Двајца жители на штиското село Црник се тешко повредени во сообраќајна несреќа што се случила во саботата во 13.30 часот на регионалниот пат Берово – Делчево, кај местото Балбанци.
Несреќата се случила кога се судриле камион „фиат дукато“ управуван од дваесет и шестгодишен струмичанец и автомобил „фиат пунто“ управуван од четириесет и шестгодишен жител на Црник.
Тешко повредени се возачот на автомобилот и дваесетгодишен сопатник кој е пренесен на Клиника во Скопје. Се работи на целосно расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Гостиварка останала без летување во Грција: лажна агентка и ги украла парите

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против А.Ј.(23) од Богданци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.
На 19.08.2024, преку социјална мрежа, пријавената контактирала со 42-годишна жена од Гостивар и лажно се претставила како агент за издавање на апартмани за летување во Република Грција, при што ѝ побарала износ од 17.250 денари за седум ноќевања, кои оштетената ѝ ги уплатила на сметка без договор за закуп, а летувањето не го реализирала.
Црна хроника
Управувал возило со 2,61 промили алкохол во крвта: уапсен возач од струшко

Синоќа во 20.00 часот на регионалниот пат Струга – Дебар, на место викано „Кореа“, полициски службеници од Полициското одделение Велешта при ОВР Струга го лишиле од слобода Д.Б.(60) од с.Пискупштина, струшко.
При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „застава“ со струшки регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 2,61 промили алкохол во крвта.
Тој бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица, а по целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, соопшти полицијата.
Топ
(Фото) Кривична против 29-годишен скопјанец: нелегално поседувал автоматска пушка и друго оружје и муниција, а ја истепал и сопругата

СВР Скопје – Единицата за насилен криминал поднесе кривична пријава по брза постапка против А.Р.(29) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи” по член 396 и „телесна повреда” по член 130 од Кривичниот законик.
На 08.06.2025 во 20.30 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода А.Р., постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом на подрачјето на Бит Пазар физички ја нападнал неговата 33-годишна сопруга, при што употребил и тврд предмет.
Подоцна, со наредба од Основен кривичен суд Скопје, бил извршен претрес во неговиорт дом и биле пронајдени и одземени 1.167 куршуми од различен калибар, автоматска пушка калибар 7.62 х 39 мм, пиштол „Зораки“ за светлосна звучна сигнализација преправен во огнено оружје калибар 7.65 мм, полуавтоматски пиштол „Рангер“ калибар 9 мм, пневматски пиштол, една рачна граната, рамки за автоматско оружје, футроли за пиштоли, делови од огнено оружје, ножеви и други остри предмети и други предмети за кои постои основи на сомнение дека потекнуваат од кривично дело.
Од страна на судија на претходна постапка на пријавениот А.Р. му е изречена мерка притвор во траење од 30 дена.