Црна хроника
Две лица нападнати со нож во Жена парк
Жител на Кондово со нож нападнал две лица во Жена парк во центарот на Скопје.
Инцидентот се случил во четврток попладне, а во полиција го пријавил нападнатиот маж С.С. (46) од скопско Бујковци. Според пријавата, истиот ден околу 17 часот додека седел во Жена парк заедно со негова пријателка во еден момент им се приближил непознат маж кој без причина почнал да ги навредува со погрдни зборови.
По кратко време извадил нож на расклопување и со истиот се обидел да ги повреди.
Нааѓачот е идентификуван и приведен. Станува збор за Ф.А.(54) од село Кондово. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок./крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.