Црна хроника
Еден од именуваните напаѓачи на Гошинце тврди дека нема врска со инцидентот
Едно од лицата за кое македонските медиуми јавија дека учествувал во нападот на караулата Гошинце на северната граница на Македонија, Кадри Бајрами во изјава за косовската агенција Рајони прес негира дека вмешаност во инцидентот.
„Јас сум селски човек и цел ден се занимавам со домашна работа. Бев изненаден кога го слушнав моето име во вестите“, изјавил Бајрами.Бајрами живее во селото Станиќ, Гњилане и вели дека нема време да се занимава со такви работи. „Ова е лага и моето име е искористено бидејќи живеам во граничниот појас и се занимавам со сточарство и домашни работи, и од тоа го издржувам моето семејство“, вели Бајрами.Македонските медиуми во вторникот јавија дека се идентификувани дел од напаѓачите на караулата Гошинце. Според објавените информации, водач на групата бил Командант Џеваир Адеми, од косовското село Гњилане. Уште четворица од напаѓачите се од истото место, логистика на групата бил Фарук, а како дел од униформираните напаѓачи биле и двајца браќа Ерхан и Кадри Бајрами.Вечерта во понеделникот спроти вторникот, според МВР, четириесетина вооружени лица ја нападнале полициската станица во Гошинце, заробиле четворица полицајци, кои подоцна се ослободени. МВР овој чин го оквалификува како терористички напад врз државните институции./крај/ффс
Извор: Rajonipress
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.