Црна хроника
Еден загинат во сообраќајка во скопски Ѓорче Петров
Едно лице загина, едно е тешко а две се полесно повредени во тешка сообраќајна несреќа меѓу три возила која се случи во неделата рано изутрината во Скопје на улицата „Ѓорче Петров“.
Несреќата се одиграла, како што известува полицијата, околу 4,15 часот и во неа учествувале товарно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки управувано од 29-годишне скопјанец И.М, камионет „ивеко“ со скопски регистарски ознаки управувано 37-годишениот М.Н. и возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки. На самотио место на судирот загинал 33-годишниот Тони С. од Скопје кој бил сопатник во „цитронот“, додека лицето 35-годишниот од истото возило се здобил со тешки телесни повреди и е пренесен во Ургентен центар Скопје.Возачите на двете товарни возила се здобиле со телесни повреди и на двајцата им е укажана лекарска помош во Гратскат аопшта болница во Скопје, при што возачот на „цитронеот“ е пуштен на домашно лекување, додека момчето што управувало со „мерцедесот“ е задржано за натамошно лекување./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
(Фото) Експлозија во куќа во охридско, повредено едно лице
Едно лице е повредено во експлозија што се случила денеска во охридското село Велгошти, информира територијалната противпожарна единица Охрид.
„Во текот на денешниот ден ТППЕ Охрид , интервенираше на санирање на последиците од разорна експлозија во куќа во Охрид,с.Велгошти. Експлозијата е предизвикана од зголемена концентрација на гасови ( плин ) и останати фактори, кои допринеле за високо ниво на експлозивност. Благодарение на брзата реакција на пожарникарите спречено е и опожарување на објектот. Повредена е и 1 жена која е преземена од екипите на брза помош“, соопшти противпожарната служба.
Црна хроника
Уапсен крадец од Радовиш баран поради бегство од затвор
Полицијата уапси крадец од Радовиш баран поради бегство од затвор. Тој е спроведен во Затвор Струмица за доиздржување на казната.
Вчера во 15:25 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишиле од слобода Е.Б.(23) од Радовиш. Тој бил осуден на затворска казна од пет години и 10 месеци за сторено кривично дело „тешка кражба“, а бил баран по распишана потерница поради бегство од Затвор Струмица, каде имал за доиздржување три години и осум месеци од казната.
Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Струмица за доиздржување на казната.
Црна хроника
Со измами за лажни сообраќајки, охриѓанец „заработил“ 3,6 милиони денари, полицијата го уапси
Полицијата расчисти девет сторени кривични дела измама за лажни сообраќајни незгоди, охриѓанец заврши во притвор, жртвите ги оштетил за 3.600.000 денари.
Полицијата вчера го уапси П.С.(38) од Охрид. По извршен службен разговор П.С. појаснил за начинот, местото и времето на извршување на девет кривични дела од кои шест во Штип и три во Виница при што пријавителите се оштетени за околу 3.600.000 денари. Тој се јавувал на повозрасни лица и лажел дека нивни блиски направиле сообраќајки и им барал пари.
На измамникот му е одреден притвор.

