Црна хроника
Една жртва во сообраќајката на стариот пат Охрид- Струга
Едно лице го загуби животот, а уште најмалки седум се повредени, во тешката сообраќајна несреќа што се случи денеска околу 11 часот на стариот пат Охрид- Струга во која учествувало патничко моторно возило и мини – бус на „Галеб“.
Според првичните неофицијални информации коишто ги објави Ohridnews, дошло до директен судир на двете возила, при што со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкото моторно возило, 26-годишна жена од струшко, која на пат кон болницата „Св. Еразмо“ починала. Од болницата ја потврдија информацијата, посочувајќи дека повредената во моментот на пристигнување не давала знаци за живот. Направени биле обиди за реанимација, но безуспешно. Во специјалната болница „Св. Еразмо“ и во општата болница во Охрид примени се возачот и повеќе патници од минибусот, сите надвор од животна опасност. Дел од нив по укажаната лекарска помош биле пуштени на домашно лекување, а едно лице од превентивни причини било задржано во болница.На местото на настанот во увид вршат истражните органи, кои треба да ги утврдат причините за несреќата./крај/мф/ффс
Извор: фото и текст Ohridnews
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Мајка од Велес ги оставила петте малолетни деца сами и заминала за Скопје
Полициски службеници од полициската станица „Ѓорче Петров“ синоќа во 2:05 часот по полноќ лишиле од слобода 36-годишна велешанка. Претходно во СВР Велес било пријавено дека таа во домот ги оставила нејзините пет малолетни деца и заминала во Скопје.
Како што денеска информираат од СВР Велес, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Приведен 21-годишен охриѓанец, нападнал полицаец
Вчера во 00:10 часот, во угостителски објект лоциран на улицата „Св. Климент Охридски“ во Охрид, приведен е лице на (21) од Охрид, кој претходно бил агресивен кон полициските службеници кои преземале службени дејствија.
По целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Угинато куче со пена на уста најдено на улица во Кавадарци, ќе постапува обвинител
Угинато куче било пронајдено доцна синоќа на улица во Кавадарци, по насока на јавен обвинител телото било однесено на обдукција, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.
– Синоќа во 22:15 часот во ОВР – Кавадарци, од Здружението за заштита на животни било пријавено дека на улица „Димката Ангелов – Габерот“ во Кавадарци има мртво куче со пена на устата. По насока на јавен обвинител, телото на кучето било подигнато од ветеринарен лекар и однесено во ветеринарна станица за вршење обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, соопштија од СВР – Велес.

