Црна хроника
Едни се тепале, други завршиле со убодни рани
Во неделата вечерта при тепачка која настанала меѓу повеќе луѓе во кавадаречко, двајца се избодени со нож.
Како што соопшти полицијата, во 22.30 часот во Кавадарци, во близина на објекти кај местото викано Краиште, атар на село Трстеник, настанала тепачка помеѓу А.Д. (28) од Струмица, од една страна и М.М. (20), М.М. (22) и седумнаесетгодишник, сите од Струмица, од другата страна, во која се вклучиле и други лица.Во тепачката со убодни рани се здобиле А.К. (42) од Струмица, на кого му била укажана лекарска помош во ЈЗУ Кавадарци и е задржан на понатамошно лекување, и Ѓ.И. (35) од Струмица, која по укажаната лекарска помош во ЈЗУ Кавадарци била пренесена во Клинички центар Скопје, а по санирање на повредите била вратена во Кавадарци. Полициски службеници од Кавадарци излегле на местото на настанот при што биле пронајдени сите инволвирани во тепачката, биле лишени од слобода и сите се задржани во полицијата во Кавадарци за понатамошна постапка./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривична против маж од Врапчиште: со закана изнудил 5000 евра од негова роднина
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ј.Ј.(84) од село во општина Врапчиште поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда’’.
Во текот на јули 2025 година, пријавениот со закана побарал и добил 5000 евра од едно женско лице – негова роднина, а откако таа побарала да ѝ ги врати парите ја прекинал комуникацијата со неа.
Црна хроника
Инцидент во болница во Ѓорче Петров: Пациент физички нападнал вработена
Вчера во 11:00 часот во СВР Скопје, 56-годишната Д.Ѓ. од Скопје пријави дека околу 04:00 часот на работното место во здравствена установа на подрачјето на Ѓорче Петров била физички нападната од едно лице, кое се лекувало во установата.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Семејно насилство во Скопско: им се заканувал на ќерките, а се обидел да ја нападне сопругата, полицијата го уапси 56-годишникот
Вчера во 20:30 часот во скопско село, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 56-годишниот С.К. затоа што упатувал закани кон неговата 44-годишна сопруга и се обидел физички да ја нападне, а претходно со остар предмет упатувал закани и кон нивните две ќерки и притоа оштетил дел од покуќнината во семејниот дом.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

