Црна хроника
Едногодишно дете загина во Велес, прегазено од таксист

Дете на возраст од една година во среда вечерта го загуби животот откако такси возило удрило во него.
Имено, несреќата се случила во 19.10 часот пред мотелот „На Велешко“ кај езеро „Младост“, кога Х.П заедно со своите родители се возело во такси возилото марка „фијат пунто“ со велешки регистарски таблички, управувано од Ј. Р.(42). Семејството одело на свадбена прослава која требало да се одржи во мотелот, по што веселбата е откажана.Тие се симнале од возилото, а малото дете истрчало во моментот кога таксито почнало да заминува, автомобилот удрил во главата на Х.П, објаснуваат очевидци, пренесе „Телеграф“. По несреќата веднаш била повикана брза помош, а детето било пренесено во велешката болница на хируршкото одделение, а дежурниот лекар веднаш констатирал смрт./крај/мф
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.