Црна хроника
Едноиполгодишното дете било прегазено од автомобил кој татко му го оставил да работи
Едноиполгодишното дете кое почина во четвртокот вечерта во Специјалната болница за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ во Скопје, било повредено во несреќен случај, односно прегазено од автомобил којшто го оставил татко му со вклучен мотор.
Како што информираат официјално од полицијата, во четвртокот околу 18 часот таткото на детето го паркирал неговиот автомобил „фолксваген пасат“ во дворот на семејната куќа во селото Страхојадица, општина Зелениково. Но моторот на автомобилот работел, односно автомобилот бил запален. Потоа влегол во куќата, а кога излегол повторно во дворот, видел дека автомобилот се придвижил наназад, кон улицата, на удолница. Под автомобилот го видел неговиот син кој бил прегазен. Веднаш го зел и со истиот автомобил го однел во болницата „Свети Наум Охридски“, каде детето било примено на Одделот за интензивна нега и реанимација. И покрај сите напори на лекарите детето околу 22 часот починало. Телото на детето е предадено за обдукција, а автомобилот ќе се вештачи за да се провери дали бил исправен. Во соработка со Јавниот обвинител и во зависност од тоа како ќе се движи истрагата ќе се утврдуваат следните чекори на институциите./крај/мф/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Дваесет и тригодишен скопјанец најден починат во домот во Гази Баба
Вчера на подрачјето на Гази Баба, во неговиот дом бил пронајден починат В.М.(23).
Од страна на лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт без видливи знаци на насилство.
Извршен бил увид од полицијата, а по насоки на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.
Црна хроника
Тешко повредена струмичанка во сообраќајна несреќа на патот Валандово – Струмица
Денеска, околу 00.25 часот во Полициската станица Валандово било пријавено дека на регионален пат Валандово – Струмица, на место викано „Валандовско брдо“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „голф“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 31-годишниот К.Т. од Гевгелија и патничко возило „пежо“ со струмички регистарски ознаки, управувано од 30-годишната С.Д. од Струмица, соопшти МВР.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.Д., а со телесни повреди се здобил К.Т., констатирани во Медицински центар Гевгелија, додаваат од МВР.
Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Валандово.
Црна хроника
Тројца скопјани искасани од кучиња скитници
Тројца скопјани пријавиле каснување од куче скитник во полициските станици во текот на вчерашниот ден.
На 25.04.2024 во 19.20 часот во Полициската станица Центар, Л.Ш.(42) од Скопје пријавила дека на ул.„Вардарска“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 25.04.2024 во 12.00 во Полициското одделение Мирковци, Р.Г.(38) од Скопје пријавил дека во близина на обиколницата Скопје, бил каснат од куче скитник.
На 25.04.2024 во 14.10 часот во Полициската станица Карпош, К.С.(46) од Скопје пријавил дека на ул.„Милан Марковиќ“ во Скопје бил каснат од куче скитник.